тимот на Доктори.мк
Симона Тошевска
Симона Тошевска
дипломиран забен техничар-протетичар, студент по стоматологија
 
 

Симона Тошевска е родена на ден 29.11.1988 година во Скопје. Средно училиште има завршено во ДСМУ Д-р Панче Караѓозов, во Скопје, насока забен техничар, со континуиран одличен успех. Во текот на школувањето има активности од областа на применетата биологија, во која и е трикратен државен првак, стипендист на Народна Техника во областа Млади Природњаци. Долгогодишен член е на Македонското Еколошко Друштво, а како најдобар ученик прогласена е за првенец на генерација. По завршувањето на средното училиште се запишува на Високата школа за забни техничари при Стоматолошкиот факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје, која ја дипломира со висок просек во 2010 година. Паралелно запиша и додипломски студии по стоматологија на Европскиот Универзитет.

Во текот на студирањето работи како забен техничар во приватна заботехничка лабораторија скоро 2 години, со што ги усовршуваше техниките на стоматолошката протетика. Во моментов извршува пракса во приватна стоматолошка ординација во која што ги совладува и докторските вештини во областа протетиката и оралната хирургија. Три месеци е волонтер на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот Св.Кирил и Методиј-Скопје на катедрата за мобилна протетика, каде што води практична настава и испити. Целата оваа активност ја наведува што подлабоко да ги открива тајните и вештините на стоматолошката протетика. Зема активно учество на разни симпозиуми и курсеви за протетика.


За Доктори.мк

Ова е идеалното место каде што луѓето можат да го запознаат својот организам или болестите од кои што боледуваат. Многу поздрав до целиот тим на доктори.мк што ни овозможува да стекнеме искуства, но и да ги пренесеме свои видувања. Во денешницата интернетот е вистинското место за да се прикаже некоја информација. Затоа, нашите пациенти имаат чест порталот на доктори.мк да им овозможи да ги запознаат новините од стоматологијата. Секоја чест за тимот на доктори.мк.

Листа на статии од авторот: