Доктори.мк | Симона Јованова|simonajovanova | Портал за медицина и здравје
тимот на Доктори.мк
Симона Јованова
Симона Јованова
дипломиран стручен лаборант по медицинска лабораториска дијагностика, специјализиран за санитарна хемија
 
 

Симона Јованова е родена во Штип, во 1982 година. Средното училиште го завршува во Пробиштип со континуиран одличен успех. Школувањето го продолжува во Битола, на Високата медицинска школа при Универзитетот „Св. Климент Охридски“, насока - специјалист медицинско лабораториски техничар. Со работна лиценца се стекнува во 2007 година. За време на школувањето учествува на повеќе регионални и државни натпревари. 

Специјалистичките студии ги завршува на Медицинскиот факултет при Универзитот „Гоце Делчев“ во Штип и се стекнува со титулата дипломиран стручен лаборант по медицинска лабараториска дијагностика, специјализиран за санитарна хемија. 

Учесник е на домашни и интернационални конгреси како автор и ко-автор на научни и стручни трудови и презентации. Одлично говори англиски јазик, а има и познавања од италијански и француски јазик.

Интерес во науката: 

  • Законска регулатива и системи за безбедност и квалитет на храна и вода;
  • Микробиолошки испитувања;
  • Биохемиски истражувања;
  • Екотоксиколошки истражувања.

Практично искуство:

  • ЈЗУ Клиничка болница - Битола (клиничко - биохемиска лабoраторија);
  • Центар за јавно здравје - Битола (одделение за микробиологија со паразитологија);
  • ЈЗУ Клиничка болница - Штип (трансфузиолошка лабoраторија);
  • Центар за јавно здравје - Штип (санитарен сектор).

За Доктори.мк
„ИДНИНАТА ИМ ПРИПАЃА НА ЛУЃЕТО КОИ ВЕРУВААТ ВО УБАВИНАТА НА СВОИТЕ СОНИШТА“, Елеонор Рузвелт (1884 – 1962)
Листа на статии од авторот: