тимот на Доктори.мк
д-р Симона Ефремоска
д-р Симона Ефремоска
доктор на медицина
 
 

Д-р Симона Ефремоска е родена на 02.12.1987 во Гостивар. Својот роден град го напушта на 14 годишна возраст со цел да го продолжи своето образование во една од најреномираните гимназии во Скопје “Раде Јовчевски Корчагин”. Поради преголемата љубов кон медицината се запишува на Медицинскиот факултет во Скопје, во 2006 год., отсек општа медицина. Учествува во многу активности на факултетот, семинари, презентации. Во септември 2011 успешно завршува со полагање на сите испити и сега моментално е стажант на Клиниката за општа хирургија во Клиничкиот Центар - Скопје.

Посебна љубов има кон хирургијата, неврологијата, гастроентерохепатологијата и психијатријата, кои ги зема како опции за понатамошно насочување во својата професија.


За Доктори.мк
Енормна чест ми е што сум дел од тимот на Доктори.мк. Сметам дека на оваа земја и треба токму ваква страница и еден ваков тим кој ќе ги скрши сите табуа и ќе се потруди да ја подигне здравствената свест на луѓето. Луѓето лесно ќе можат да се едуцираат и самите да допринесат за рано откривање на разни заболувања.
Листа на статии од авторот: