тимот на Доктори.мк
м-р Нетка Димоска
м-р Нетка Димоска
магистер по биологија (биохемиско-физиолошка насока)
 
 

М-р Нетка Димоска е родена на 30.10.1970 во Струмица. Основното и средното образование го завршува во Струмица. Во тоа време има учествувано на натпреварот „Олимпијада“, бранејќи ја темата „Влијанието на половите хормони врз појавата на интровертност и екстровертност кај луѓето во периодот на пубертетот“, освојувајќи го третото место.

Во учебната 1990/1991 година се запишува на Универзитетот „Св Кирил и Методиј“ на Природно-математички Факултет - Институт за биологија во Скопје. Во тоа време има работено како волонтер во странската невладина организација „Потрага по заедничка основа“ (Search for common ground) на неколку еколошки проекти. Дипломира на 24-ти декември 1995 год.

На 30.10.2001 год. магистрира на Универзитетот „Св Кирил и Методиј“ - Институт за биологија (Отсек: биохемија и физиологија), бранејќи ја темата: „Влијанието на високата температура врз одговорот на топлотниот шок и некои други параметри во метаболизмот на протеините кај белиот лабораториски стаорец“. Главниот дел од нејзината научна работа беше спроведен во лабораториите на МАНУ.

 

Досегашни работни активности:

1. Преведувач и рецензент на научната книга „Општа Микробиологија“, во соработка со проф. д-р Ѓоко Кунгуловски;

2. Професор по биологија во Американското Интернационално Училиште во Македонија (American International School of Macedonia (AISM));

3. Тестатор во проектот PEKSNAS (поточно како приготвувач на елиминациони тестови за Медицински факултет, Стоматолошки факултет, Фармацевтски факултет, Земјоделски факултет, Природно-математички факултет/Институт за биологија, Биотехнолошки факултет и останати високообразовни институции кои ја имаат биологијата како основен предмет при спроведувањето на приемните тестови);

4. Наставник по биологија во основните училишта „Григор Прличев“ – Скопје и „Браќа Миладиновци“ – с. Миладиновци – Скопје;

5. Управник на Интернатот при СМУГС „Д-р. Панче Караѓозов“ – Скопје, а подоцна и како воспитувачка во истиот Интернат;

6. Добиено решение за постојан судски преведувач од англиски на македонски јазик и обратно за Основен Суд Скопје – 1 (по добиената одлука од Министерство за Правда на Р. Македонија на 19.08.2003) и член на правосудната мрежа на Република Македонија;

7. Преведувач на документи за ИАРМ (Институт за Акредитација на Република Македонија);

8. Хонорарен преведувач на научни книги за Медицински факултет – во склоп на издавачката куќа “ТАБЕРНАКУЛ“;

9. Шеф на биохемиската лабораторија во соработка со ФЗОМ, при ПЗУ „Медикус“ – Струмица;

10. Моментално е наставник по биологија во ООУ „Маршал Тито“ с. Муртино – Струмица.

Во слободно време е аматер сликар (претежно масло на платно, акварел и пастел и член на WAF (World Art Fondation) и Fine Art America (http://www.fineartamerica.com).


За Доктори.мк
Многу ми се допаѓа Доктори.мк поради тоа што многу од објавените содржините ми се блиски и интересни. Мојот интерес е во насока на здрава храна, лековити билки и алтернативна медицина. Се надевам дека ќе бидам прифатена како дел од тимот кој ќе нуди интересни информации, а сметам дека темите и содржините кои ќе ги обработам ќе побудат интерес кај читателите и ќе привлечат внимание.
Листа на статии од авторот: