тимот на Доктори.мк
Наде Мисоска
Наде Мисоска
дипломиран психолог
 
 

Наде Мисоска е родена на 13 Август 1985 година во Струга. Основно и средно образование завршува во Струга. Дипломира во септември 2010 на Филозофскиот факултет - отсек психологија при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје. 

Волонтира во „Првата детска амбасада во светот - Меѓаши“, како СОС советник на бесплатниот СОС телефон 0800 1 22 22, кој е наменет за деца и млaди со лични и семејни проблеми како што се злоупотреба и насилство врз децата, недоразбирање помеѓу родителите и децата, проблеми во училиште како и држење работилници за правата на децата (на возраст од 5-10 години), каде се запознаваа со нивните права, обврски, потреби и желби.

Истражувачка дејност на тема: „Структура на професионални интересирања  во Македонија“, во соработка со доц. д-р Владимир Хедрик, професор по статистика и психометрија на Институтот за психологија на Филозофскиот факултет во Ниш, Република Србија,  подржано од Министерство за наука на Република Србија.

Учесник е на повеќе конгреси, семинари, работилници и активно ги следи новостите од областа на психологијата.

Одлично го познава англискиот и има познавање на  рускиот јазик, а слободното време го користи за спортски активности: пилатес, тае бо, фитнес, дружење и читање.

Психологот Мисоска ви порачува: Не дозволувајте другите да ја променат Вашата насмевка, направете Вашата насмевка да ги промени другите!


За Доктори.мк
Чест и задоволство ми е што јас, како психолог, сум дел од тимот на doktori.мk, сајт кој не едуцира и информира за најновите медицински откритија и животни случувања. Денес речиси на сите ни е пореметен биоритамот. Дење работиме, ноќе шетаме, малку спиеме, нередовно јадеме и сето тоа води до здравствени последици. Дури 8 од 10 здравствени проблеми можат да се решат дома. Само треба да знаете како да се грижите за своето здравје 365 дена во годината. Doktori.mk е Вашиот патоказ во зачувување на физичкото и менталното здравје. Факт е дека животот ни е подарен, а како ќе го живееме зависи само од нас. Никој не може да не учи како да живееме, но може да ни даде совети кои ќе ни дадат елан и мотив за поубав живот.
Листа на статии од авторот: