Доктори.мк | проф. д-р Миле Д. Миќуновиќ|milemicunovic | Портал за медицина и здравје
тимот на Доктори.мк
проф. д-р Миле Д. Миќуновиќ
проф. д-р Миле Д. Миќуновиќ
специјалист уролог, Специјална болница "Св. Еразмо" - Охрид
професор по "Хирургија со нега" и "Полово образование" на Универзитетот "Св. Климент Охридски" - Битола
 
 

Миле Данило Миќуновиќ, доктор на медицински науки, професор, специјалист по урологија, е роден на 12 октомври 1951 година во Кичево. Основно и средно образование завршил во Охрид, а Медицински факултет во Скопје во 1978 година. По дипломирањето, се вработил во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид каде што и денес работи, а го предава и предметот Полово образование на Педагошкиот факултет и Хирургија со нега на Високата медицинска школа на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола. Усниот докторски испит го положил со одлика во 1992 година, а истата година во Белград јавно ја одбранил и докторската дисертација и се стекнал со титулата доктор на медицински науки.


За Доктори.мк

Доктор, научник е писател само кога е со исправен грб, со грб, како во него да има кол. Тоа значи, секогаш, секаде и секому да ја кажува само вистината, иако таквиот став е проследен со жртви. Секогаш подобро и најдобро поминувале и поминуваат “сончогледите”, но тие се за еднократна употреба, а тие со исправен грб се столбови и за иднината.

Таков е тимот на Доктори.мк на кому култот му е вистината, а не личноста, тие се свест и совест на своето време, а за мене се гордост.

прочитај го целото писмо...
Наставно-научна дејност

Д-р Миќуновиќ, докторската дисертација под наслов Можности за подобрување на лекувањето на неврогената дисфункција на долниот уринарен тракт кај спинални повреди ја одбранил на 7 мај 1992 година на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Белград.

прочитај повеќе за наставно-научната дејност...
Стручно-научна дејност

Д-р Миќуновиќ е вработен во Болница „Св. Еразмо“ во Охрид, каде што се одвива неговата стручна работа. Вклучен е во редовна работа, а исто така и во научноистражувачката работа (експерт-рецензент на Министерството за наука) со главна окупација, меѓу другото, во хирургијата.

прочитај повеќе за стручно-научната дејност...
Стручно-научни трудови

Д-р Миќуновиќ има објавено 357 научни и стручни трудови.

погледнете ја листата на трудови...
Објавени книги

Автор е на 75 книги во обем од 15 782 страници, со вкупен тираж од 32 130 примероци и 2 научно истражувачки проекти.

погледнете ја листата на објавени книги...
Листа на статии од авторот: