тимот на Доктори.мк
Мартин Анѓелов
Мартин Анѓелов
студент по медицина
 
 

Мартин Анѓелов е роден на 31.03.1995 година во Велес. Основното образование најпрво го започнав во ОУ "Трајко Андреев" а подоцна го продолжив во ООУ „Блаже Конески“ во Велес со континуиран одличен успех и пофалница за најдобар ученик на клас. 

Своето средно образование го започнав во ССОУ "Димитрија Чуповски" во Велес на насоката физиотерапевтски техничар. Истото го завршив со просек 5.00 со звање дипломиран физиотерапевтски техничар за физикална медицина и рехабилитација. Назначен сум за ученик на клас од 1-4 година. За четврта година бев избран за ученик на генерација.

Високото образование го започнав на Универзитетот „Гоце Делчев“ на Факултетот за Медицински науки во Штип, на насоката Општа медицина, а потоа следната година образованието го продолжив на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје на Медицинскиот факултет на комплетно истата насока и медицинско-студиски курикулум по Општа медицина.  Имам освоено голем број на награди: 5 први места за ликовна творба, 3 први 10втори и 20тина трети места за поетски остварувања. На државно ниво сум се стекнал со 2ро место од областа на Биохемијата и трето место од областа на неорганската хемија на теми: (Екстракција на ДНА од киви и Калциум-ѕ елемент и негови соединенија, во Гостивар и Штип)  Во слободно време пишувам поезија, проза, одам на театар а хоби ми е читањето на домашна и светска литература. 

Обожувам да одам на кино и обожувам да возам велосипед. Мартин истотака е член на ЕМСА,(Европска медицински сојуз на акедемци по медицина) потоа во Студенскиот парламент во Скопје при УКИМ (СПМФ-студентски парламент на медицинскиот факултет - на позиција член во одборот за наука), член на КУД Керамичар во Велес, а исто така членувам во МОФ, НВО Фокус и Црвен крст на Република Македонија, Црвен крст на град Скопје и ЦК на Општина Велес, како волонтер каде имам звање ПИЕР едуатор за врсничка едукација од областа на медицински домени, каде редовно на годишно ниво одржувам ПИЕР едукации повторно од доменот на јавното здравје како и хуманата медицина.

Од различни области пишувам статии како студент. На порталот http://sakamknigi.mk истотака сум активен член каде што има застапено мои статии. Во иднина како пишувач на статии исто така ќе се залагам за што пообјективно обработување на одредена клиничка болест или обработка на клинички пациент, и практивуање на медицина заснована на докази. 

Исто така ангажиран сум од страна на ЕМСА - Подрачна организација во Германија да пишувам статии и за нив. Последна статија што ја напишав беше: Запознавање на панкреасот и дијабетес тип 1. 

Степен на знаење англиски јазик - Intermediate
Степен на знаење руски јазик - Високою нивоь познавателные руского язикъ. 
Возачка дозвола - Имам положено В категорија
Престој во странство: Бугарија, Грција, Црна Гора, Србија, Хрватска, Полска, Романија, Унгарија, Словачка, Шпанија (Баскија) преку КУД Керамичар. 
 

Листа на статии од авторот: