тимот на Доктори.мк
м-р д-р Мартина Богданоска
м-р д-р Мартина Богданоска
доктор по стоматологија, магистер по здравствен менаџмент
 
 

М-р д-р Мартина Богданоска е родена во Прилеп, на 01.03.1982 година. Во 2000 год. завршува средно образование: насока-забен техничар. Дипломира 2007 год. на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје и се стекнува со звање: доктор по стоматологија. Веднаш потоа запишува постдипломски студии по Здравствен менаџмент. Во 2009 година со одбрана на магистерски труд на тема „Улога на лидерот во мотивирањето на здравствените работници“ се стекнува со академски степен: магистер по здравствен менаџмент.

Има работно искуство како доктор по стоматологија во стоматолошка ординација „д-р Јовановски“ во Скопје и во „Поликлиника Алтеа“ во Прилеп, а во 2008 год. е избрана за помлад асистент на МИТ Универзитетот.

Учесник е на повеќе конгреси и семинари од областа на стоматологијата, а како предавач учествува на 12-тиот и 13-тиот Меѓународен Стоматолошки Студентски Конгрес.

Има објавено повеќе стручни и научни трудови во земјава и САД.


За Доктори.мк
Доктори.мк е место каде има што да се прочита и што да се научи. Место каде што може да се зголеми здравствената култура кај пациентите, а истовремено да се овозможи размена на знаења, искуства и ставови меѓу нас докторите. Ја поздравувам идеата за вакво нешто. Убаво е да се биде дел од овој тим.
Листа на статии од авторот: