Доктори.мк | д-р Марко Радиноски|markoradinoski | Портал за медицина и здравје
тимот на Доктори.мк
д-р Марко Радиноски
д-р Марко Радиноски
доктор на медицина
 
 

Д-р Марко Радиноски е роден на 30-ти јули 1981 г. во Вевчани. Своето основно образование го завршува во Вевчани, а средното го продолжува во средното медицинско училиште „Д-р Никола Штејн“ во Тетово како медицински лаборант-техничар. Со подетално изучување на медицината продолжува на Медицинскиот Универзитет во Плевен, Бугарија, каде во 2006 дипломира како успешен и достоен студент и се стекнува со титулата Доктор по општа медицина.

  • Работно искуство:

Во првата година по дипломирањето работи како доктор на превентивна медицина во ЈЗУ „Д-р Светозар Чочороски“ - Вевчани. Потоа продолжува да работи како доктор во брза помош во истата здравствена установа и таму е до ден денес.

Своето професионално искуство го надополнува со учество на повеќе меѓународни конгреси и семинари во земјата и странство. Секојдневно се соочува со проблемите на пациентите и успешно ги решава со што несомнено ја заслужи нивната почит и доверба.


За Доктори.мк
Сметам дека Доктори.мк е сајт кој преку својата цел за информирање и едуцирање е од голема корист и помош и на пациентите и на докторите. Оваа иницијатива не е за потценување и со тоа што сум дел од тимот би сакал да придонесам за нејзино постојано подобрување и усовршување.
Листа на статии од авторот: