Павлоски Марко е роден на 16.09.1989 година во Охрид. Средно училиште завршил во ОСМУ „Д-р Јован Калаузи" во Битола и се стекнал со титулата дипломиран забен техничар. Од 2009 година е на студии на универзитетот „Овидиус“, Факултет за Општа Медицина во Констанца, Романија како стипендист на романската влада.
Учествувал на меѓународниот конгрес на анатомистите - Констанца, Романија од 12-15 Мај 2010.
практично искуство:
-
Здравствен Дом - Охрид - Оддел за Забна Техника (2006-2007 година)
-
Општа Болница - Охрид - Хируршко и Интерно Одделение (2010 година).
Во слободното време се занимава со пливање и куглање и волонтира во Црвениот Крст - Обука за Прва Помош и Пиер Едукатори.
Зборува македонски, англиски, романски и српско-хрватски јазик.
|