Доктори.мк | д-р Марина Танеска|marinataneska | Портал за медицина и здравје
тимот на Доктори.мк
д-р Марина Танеска
д-р Марина Танеска
доктор по стоматологија
Стоматолошка ординација „Dental clinic Dr. Margita Smileva“ - Скопје
 
 

Д-р Марина Танеска е родена 1985 год. во Охрид. Средно образование завршува во гимназијата “Св.Климент Охридски“, природно-математичка насока, во 2004 година. Дипломира на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 2009 година со просек 9,2. Со работна лиценца за доктор по општа стоматологија се стекнува по положувањето на државниот испит во 2010 година.

Стоматолошката дејност ја практикува како доктор по општа стоматологија во приватната стоматолошка клиника Dental clinic Dr. Margita Smileva.

Активно учествува на повеќе конгреси и семинари, а поседува и сертификат за препарациски техники за безметални конструкции.


За Доктори.мк
Ми претставува особена чест и задоволство да бидам дел од тимот на Доктори.мк затоа што сметам дека со користење на овој портал луѓето можат на многу едноставен начин да дознаат многу корисни информации поврзани со нивното целокупно здравје. Со моите статии ќе се потрудам да ја доближам и дообјаснам стоматолошката практика за повеќе проблематики, како и да ја подигнам свеста на луѓето од сите генерации за одржување на оралното здравје како предуслов за нормално функционирање на целиот организам.
Листа на статии од авторот: