Доктори.мк | д-р Марија Станоевска|marijastanoevska | Портал за медицина и здравје
тимот на Доктори.мк
д-р Марија Станоевска
д-р Марија Станоевска
доктор по стоматологија
 
 

Родена е на 28.01.1985 год. во Крива Паланка. Средно образование завршува во гимназијата „Ѓорче Петров”, општа гимназија во Крива Паланка. Дипломира на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот “Св.Кирил и Методиј”- Скопје во 2009 год. Се здобива со називот Доктор по општа стоматологија. Со лиценца за работа од Стоматолошката Комора на РМ се стекнува во 2010 год. Има учествувано на повеќе конгреси и семинари од областа на стоматологијата.

Посебен интерес покажува кон детската стоматологија и ортодонција.

Зборува англиски, германски и италијански јазик.


За Доктори.мк
Голема чест ми е да бидам дел од тимот на Доктори.мк. Овој портал и нуди на македонската јавност многу корисни совети од областа на здравото живеење, ја информира за најновите достигнувања од областа на медицината, стоматологијата и фармацијата. Искрено се надевам дека и јас како дел од тимот ќе придонесам во остварувањето на заедничката цел, а тоа е да создадеме здрава и едуцирана нација.
Листа на статии од авторот: