тимот на Доктори.мк
Марија Андонова
Марија Андонова
студент по медицина
 
 

Марија Андонова од Валандово е родена на 18.09.1987 во Скопје. Средно образование завршува во „Д.С.М.У. Д-р Панче Караѓозов“ – Скопје со одличен успех и се стекнува со титулата медицинска сестра. Своето високо образование во академската 2006/2007 го продолжува на Медицинскиот факултет во Скопје каде моментално е петта година на студии по општа медицина. Во тек на студирањето е со просек 9 и е добитник на студентски стипендии поради остварениот успех.

Во тек на студирањето зема учество на регионални натпревари. Две години беше активен член на Сојузот на Студенти при Медицински факултет – Скопје. Активно учествува во многу проекти поврзани со медицината.

По завршување на студиите, планира да го продолжи своето образование на специјалистички студии во или надвор од земјава. Голема страст и е научно – истражувачката работа и себе си се гледа како иден хистопатолог, цитопатолог, имунолог, генетичар, инфектолог, микробиолог, специјалист по нуклеарна медицина или клинички фармаколог.

Практично искуство:

  • Клиника за хируршки болести, инфективни болести, гинекологија и акушерство, интерна клиника и психијатрија при Клинички центар – Скопје;
  • Хируршко одделение при Медицински центар – Гевгелија;
  • Гинеколошко-акушерско одделение при ЈЗУ Здравствен дом - Валандово.

Во слободното време се занимава со свирење на клавијатура и компонирање музика.


За Доктори.мк
Горда сум што сум дел од вашиот прекрасен и стручен тим. Среќна сум што можам да дадам свој придонес во збогатување на знаењето на луѓето од областа на медицината како и грижата за нивното здравје преку овој прекрасен сајт. Благодарение на овој сајт и прекрасниот стручен тим можеме да бидеме во тек со најновите откритија на полето на медицината се со цел да го унапредиме нашето здравје.
Листа на статии од авторот: