Доктори.мк | Доктори.мк | рубрики | Портал за медицина и здравје
специјалист уролог, Специјална болница "Св. Еразмо" - Охрид
професор по "Хирургија со нега" и "Полово образование" на Универзитетот "Св. Климент Охридски" - Битола

Уредниот полов живот е услов за добро здравје.

Половиот однос е вежба за сите телесни мускули, ја ослободува сета умна и телесна енергија и ја ублажува внатрешната напнатост и болката.

После оргазам, подобро е расположението, има самоувереност и човекот е во склад со средината.

Овој месец зачинете ја вашата рутина со 31 дневна дозa свежи и здрави совети.
Дипломиран радиолошки технолог, студент по фармација
Мозокот е орган што отсекогаш бил обвиткан со превезите на мистицизмот. Со напредокот на науката и технологијата се добија нови imaging методи за разјаснување на мистериите на мозокот. Целта на оваа рубрика е да ве запознаеме со КОМПЈУТЕРИЗИРАНАТА ТОМОГРАФИЈА НА МОЗОКОТ и истата да ја приближиме на медицинската фела, а пред сé на обичниот човек.
Оптичките (визуелни) илузии се слики кои човекот ги доживува на начин различен од објективната реалност. Кога ги гледаме, информациите кои преку очите доаѓаат до мозокот го наведуваат да ги обработи и перцепира на начин кој не се совпаѓа со објективните физички параметри. Постојат 3 главни видови на оптички илузии: 1. буквални - кај кои сликата се разликува од предметите од кои е составена; 2. физиолошки - кај кои сликата делува на очите или мозокот преку прекумерна стимулација од одреден тип(светлина, боја, позиција, движење); и 3. когнитивни - како резултат на потсвесна интерференција на елементите од кои е составена сликата.
доктор на медицина
Aлергиите знаат да бидат многу непријатни и досадни за оние што ги имаат. Таквите луѓе понекогаш се плашат да излезат од дома на убав сончев ден. Новите типови на алергии кон претходно не-алергенски супстанци се повеќе и почесто се пријавуваат. Токму во се поголемата зачестеност на алергиите, лежи мотивот за нивно претставување и разјаснување во оваа рубрика...

Останати содржини