Доктори.мк | Доктори.мк | рубрики | Портал за медицина и здравје
доктор на медицина

Ако човек се храни според сопствената крвна група останува долго телесно млад. Од храната, пијалоците и додатоците во исхраната земајте само она што ви е неопходно. Со помош на диетите според крвната група се намалува телесната тежина бидејќи се избегнуваат лактините, кои пак од своја страна стимулираат зголемено лачење на инсулин во човековиот организам. Тоа резултира со подобро искористување на гликозата, а и на масните киселини и аминокиселини.

Диетите според крвната група ви дават престава за тоа која храна, пијалоци и прехранбени додатоци најдобро се разградуваат и усвојуваат во вашиот организам. Секоја крвна група има различен метаболизам, на кој му се потребни разлочни витамини и минерали.

Тие диети се успешни и во борбата против ракот. Погодни се во комбинација со хомеопатија или билки, бидејќи имаат лектини кои ги убиваат клетките на ракот. Од голема полза се и за луѓето со следните болести: болести на кардиоваскуларниот систем, дијабет, болести на црниот дроб, астма, алергии, синузити, болести на бубрезите, висок холестерол, висок крвен притисок, артрит, гастрит, чир на желудникот и дванаесетпалачното црево, колит итн.

Диетите според крвите групи се базираат на неколку групи на храна: месо, дивеч, птици, морска храна, млечни продукти и јајца, масло и масна храна, јаткасти плодови, бобови растенија, леб и тестенини, зеленчук, плодови, соја, зачини итн. Исто така, тука можат да се вбројат различни сосови и други течности, сушени зачини и чаеви.

Во зависност од дејството кое го имаат во човечкиот организам (различно при секоја крвна група) тие храни се делат на 3 групи:

  • Препорачани (со терапевтско дејство)
  • Неутрални
  • Да се избегнуваат (поради дејството на лактините)
психолог
Центар за применета психологија "Зорба Консалтинг" - Скопје
Доаѓа пролетта, а со тоа и се поинтензивните напори на луѓето да се ослободат од вишокот килограми наталожени преку зимата. Пролетта и летото заедно со лесната облека која открива многу повеќе од зимските капути и панталони, недоминливо го вртат интересот кон најпопуларните, но не и најефикасните начини за регулирање на телесната тежина – диетите.

Докторите имаат големо знаење и мноштво на одлични совети за поздрав и посреќен живот. Дали знаевте дека во голема мера тие совети се базираат на резултатите од секојдневните истражувања во научните лаборатории? Преку оваа рубрика ве “освежуваме” со најактуелните совети кои доаѓаат директно од светските истражувачи и нивните лаборатории.

Употребете го знаењето на научниците за да спречите заболувања, за да го подобрите сексуалниот живот, за да спиете поцрвсто и многу повеќе:
Дипломиран радиолошки технолог, студент по фармација
Според податоците на СЗО, ракот го има второто место како фактор за смртноста на населението. Но, поседувајќи позитивен тренд на раст, ракот брзо ќе ги симне кардиоваскуларните заболувања од тронот. За жал, современата медицина го нема идеалниот третман за ракот. Заради овие причини, ја отвораме оваа рубрика. Целта на рубриката е да ги информира медицинските лица и населението за напредоците на онкологијата. Ракот е болест која ги зафаќа луѓето од сите националности и раси, па затоа сé што е поврзано со оваа подмолна болест го засега и обичниот човек.
доктор по стоматологија

Откажувањето од цигарите е специфичен здравствен проблем кој подразбира интензивна програма на едукација, планирање и имплементација на разни техники за прекин на пушење.





Со овој современ водич кон подобро здравје ќе бидете поблиску до одамна посакуваната цел.


На патот кон најдобрата промена што некогаш сте ја направиле имајте на ум - ништо не е невозможно ;-)

Останати содржини