Електрокардиографијата претставува една од најчестите причини за страв и несигурност кај младиот лекар. Модерните трендови наложуваат присуство на ЕКГ-апарат во секоја медицинска установа. Интерпретацијата на 12-те канали воопшто не е тешка, доколку се изучува од едноставни и логични извори, пренесена на интересен и несекојдневен начин. Токму таков е и овој е-курс, во кој чекор по чекор, користејќи материјали од светски признатите ЕКГ учебници, ќе ви помогнеме да ја совладате наводната тешкотија.
Дипломиран радиолошки технолог, студент по фармација
Во последно време доста е актуелна проблематиката за ПЕТ Центарот кој треба да го добие Р. Македонија во блиска иднина. Објектот се гради на површина од 2 600 метри квадратни во кругот на Градската општа болница ,,8 Септември“ во Скопје. Преку изградбата на ПЕТ Центарот се очекува Р. Македонија да стане регионален лидер во производството на радиоизотопи чиј период на распаѓање е од 10 до 109 минути. Затоа решивме малку подетално да ја објасниме позитронската емисиона томографија (ПЕТ) како нуклеарно медицинска техника која има огромна клиничка примена во многу медицински гранки.
доктор на медицина
Принципите на воената хирургија се познати со декади наназад, но потребно е да се дополнуваат од секоја генерација на хирурзи кои работат во такви услови. Целите на воената хирургија се да се спаси животот, да се зачуваат екстремитетите, да се избегнат компликациите од инфекции, да се минимизираат последиците од траумата. Ефектите од воената хирургија зависат од типот на повредата, генералната состојба на пациентот, од дадената прва помош, времето потребно за транспорт во болница, квалитетот на третманот итн.
магистер по фармација

Најчестите заразни болести кај деца во предшколска возраст

Заразните болести се вид на заболувања кај луѓето и животните предизвикани од микроорганизми (бактерии, паразити, вируси). Инфекцијата сама по себе не е болест, затоа што таа само понекогаш може да доведе до заболување. Заразните болести имаат широк спектар на симптоми и клинички слики во тек на развојот на болеста. Симптомите може да се јават во рок од неколку дена, недела па дури и по една година од заразата. Зависно од личниот имунитет и врстата на инфекција, инфективните болести може да предизвикаат незначајни симптоми и да поминат без посебно лечење. Некои инфекции брзо предизвикуваат драматични здравствени проблеми.

Заразни болести кај децата

Децата имаат имунолошки систем кој е во созревање и нивната честа близина дава допринос за особено лесно објаснување на појавата на заразни болести кај децата. Заразните болести често се предизвикани од ширењето на бактерии (како на пример кај шарлах) или вируси (како на пример кај овчи сипаници, мали сипаници, шап и лигавка, и неколку други) во капки од плунката и секретот, особено при кашлање или кивање. Заразните болести, исто така, може да се случат при близок личен контакт со друго заразено лице или дури и со споделување лични предмети на заразено лице, како и во случајот со инфекции предизвикани од инсектите (како на пример со вошки и шуга) или габични инфекции.
кулинарски мајстор
Сајтот „Часови по готвење“ е катче за сите вљубеници во готвењето. Тука ќе најдете многу рецепти од секоја категорија, здрави и сезонски рецепти, трикови за тоа како да зготвите некое јадење, но и практични совети кои ќе ви бидат од голема корист во кујната. За сите информации или било какви прашања поврзани со готвењето, слободно контактирајте ме на e-mail: tea.trpovska@gmail.com.

Останати содржини