За подобар живот
Секоја година на 1ви декември се одбележува интернационалниот ден на борба против СИДАта со цел подигнување на свеста и солидарноста на луѓето за заболените од вирусот на ХИВ и СИДА. Според официјални податоци во периодот од 1981 и 2007 година од ХИВ и СИДА умреле повеќе од 25 милиони луѓе ширум светот. Светскиот ден за борба против СИДАта првпат е одбележен на 1ви декември 1988 година.
Белодробната туберкулоза обележа значаен период од историјата на човештвото, беше синоним за страв и трепет меѓу населението,безмилосно пустошеше цели семејства. Денес е заборавена како никогаш да не постоела. Но, дали навистина туберкулозата остана во минатото? Во продолжение прочитајте за каква болест станува збор, кои се нејзините симптоми и во кој случај да се посомневате на ова заболување.
доктор на медицина
Нема родител кој не би направил сѐ за своето дете. Без разлика колку е интелектуално развиен и финансиски поткован тој секогаш ќе го вложи својот максимум за да го заштити и усреќи своето најмило. Но, што кога сиот труд и грижа остануваат незабележани? Што кога на максималната посветеност се возвраќа со непочитување и неблагодарност? На лесен и едноставен начин научете го вашето дете да го цени она што секојдневно и безрезервно го правите за него.
доктор на медицина
Акутен миокарден инфаркт со СТ сегмент елевација или СТМИ(ST Elevation Myocardial infarction) претставува инфаркт каде што уште на првото направено ЕКГ наоѓаме елевација на СТ сегментот. Овој тип на инфаркт најчесто е предизвикан од потполна атеросклеротична опструкција на една од коронарните артерии.
доктор на медицина
Минувајќи меѓу преполните рафтови свеж и сочен зеленчук во маркетите не е ни чудно што еден неправилен, бледо кафеав и неатрактивен корен речиси секогаш останува незабележан. Но кога би знаеле колку моќ и здравје се складирани во едно парче ѓумбир веќе следното купување ќе го побарате низ рафтовите и ќе го сместите во купувачката кошничка.

Најчитани статии - животен стил

Останати содржини