Женско здравје
доктор на медицина
Рутинската крвна анализа и анализата на урина е основна дијагностичка метода во секоја здравствена установа, но и добар и брз скрининг метод кој дава јасна слика за моменталното здравје, а не ретко ни открива и не симптоматски скриени заболувања. Денес ќе обрнам внимание на толкување на крвната слика и некои основни биохемиски испитувања за да можете сами да разберете кој параметар од анализите на која физиолошка функција се однесува ...
Секоја година на 1ви декември се одбележува интернационалниот ден на борба против СИДАта со цел подигнување на свеста и солидарноста на луѓето за заболените од вирусот на ХИВ и СИДА. Според официјални податоци во периодот од 1981 и 2007 година од ХИВ и СИДА умреле повеќе од 25 милиони луѓе ширум светот. Светскиот ден за борба против СИДАта првпат е одбележен на 1ви декември 1988 година.
доктор на медицина
Нема родител кој не би направил сѐ за своето дете. Без разлика колку е интелектуално развиен и финансиски поткован тој секогаш ќе го вложи својот максимум за да го заштити и усреќи своето најмило. Но, што кога сиот труд и грижа остануваат незабележани? Што кога на максималната посветеност се возвраќа со непочитување и неблагодарност? На лесен и едноставен начин научете го вашето дете да го цени она што секојдневно и безрезервно го правите за него.
доктор на медицина
Акутен миокарден инфаркт со СТ сегмент елевација или СТМИ(ST Elevation Myocardial infarction) претставува инфаркт каде што уште на првото направено ЕКГ наоѓаме елевација на СТ сегментот. Овој тип на инфаркт најчесто е предизвикан од потполна атеросклеротична опструкција на една од коронарните артерии.
доктор на медицина
Денеска е 14-ти ноемврси Светски ден за борба против дијабетот. Раното откривање на дијабетот значи и негов ран третман, кој овозможува да се постави навремена контрола со цел да се спречат компликациите до кои што може да дојде доколку глукозата во крвта е долго време покачена. По овој повот денес ќе обрнеме внимание на најчестите симптоми на дијабетот преку фотографии.

Најчитани статии - медицина

Останати содржини