Елена Талевска
студент по молекуларна биологија
Молекуларната биологија е гранка на биологијата која ја изучува биолошката активност на молекуларно ниво. Оваа наука главно ги проучува интеракциите помеѓу различните системи во клетките, односно ги проучува формирањето, структурата и функцијата на макромолекулите од суштинско значење за животот, како што се нуклеинските киселини, протеините, липидите и молекулите кои ги дефинираат биолошките активности на клетката.