Како што објавивме од 1-ви до 7-ми август се одбележува Светската недела на доењето. Поради ова ние решивме да дадеме придонес во едукација на мајките во врска со некои важни работи за доењето кои секоја идна мајка треба да ги прочита, знае и примени. Доењето е многу важно за новороденото, никако не треба да се избегнува, а доколку не е неопходно тоа не треба да се заменува со никаков друг тип на млеко.