Инфективни заболувања
Гонорејата е сексуално пренослива болест која е многу честа во светот. Предизвикана е од бактеријата neisseria gonorrhoeae, бактерија која е излечива доколку се открие навреме. Не навременото лекување на гонорејата може да даде многу компликации, а најсериозната е стерилитетот.
студент по медицина
Сезонскиот грип е вирусно заболување кај кое причинител е вирусот на грип. Постојат два типа на вирус и тоа А и Б. Овие два вида на вируси се предизвикувачи на акутни инфекции на горните дишни патишта кои може да преминат во сериозни компликации со бактериски суперинфекции на долните дишни патишта најчесто кај стари лица,мали деца и бремени жени.
Доаѓа сезоната на грип. Повеќето од нас ќе бидат зафатени и ќе поминат неколку макотрпни денови справувајќи се со симптомите кои доаѓаат со него. Сите веројатно знаете на кои начини вирусот се пренесува во околината, но дали знаете како тој всушност го напаѓа нашето тело? Интересна е видео анимацијата која следува, затоа погледнете, повеќето работи ќе ви останат во сеќавање засекогаш ...
Постојат повеќе типови на вирусни хепатити. Хепатит А, Б, Ц, Д, Е и други. Првично целно место на овие вируси како што кажува и самото име е црниот дроб. Некои од овие хепатити се јавуваат само во акутна форма како што се хепатит А и хепатит Е, други пак имаат голем ризик да останат хронично во организмот. Денес ви нудиме видео анимација која ќе ви открие како се пренесува, кои се ризик фактори и како делуваат хепатитот А и хепатитот Б, во организмот.

Најчитани статии - медицина

Останати содржини