Разно
На 11.05.2016 година (среда) во 13 часот, во амфитеатарот на Факултетот за медицински науки при Универзитетот ‚‚Гоце Делчев‘‘ во Штип ќе се одржат две предавања на тема: ‚‚Третман на мозочен удар - тромболиза‘‘ и ‚‚Физикална терапија и рехабилитација по мозочен удар - очекувања и компликации‘‘. Предавањето е од отворен тип и е наменето за сите заинтересирани граѓани.
Елена Талевска
студент по молекуларна биологија
На овој датум се случиле два важни настани во полето на молекуларната биологија, како што се: откривањето на двојната спирала на ДНК во 1953 година, а исто така и завршувањето на Проектот за човечкиот геном во април 2003 година.По повод денот на откривње на структурата на ДНК вчера се одржа предавање од страна на дијагностичката лабараторија за молекуларна дијагностика ПЗУ „БИОМЕД ЛАБ” на тема „Молекуларна биологија и структура на ДНК”.
доктор на медицина
Протеините од јајцето се од непроценлива важност во исхраната на човекот. Освен што се незаменлива намирница во исхраната, со комплексот протеини и витамини кои ги содржат се идеален сојузник на здравјето и убавината на кожата. Во продолжение ви ја презентираме популарната маска за лице која откако еднаш ќе ја пробате ќе продолжите да ја употребувате постојано.
Во продолжение ви го презентираме научниот труд на тема "Eпидемиолошки карактеристики на вирусот на грип на територија на Општина Куманово", презнетиран на Интернационалниот студентски симпозиум организиран од Факултетот за медицински науки во Штип. Во анализата ретроспективно е опфатен 26 годишен период, во кој грипот детално е анализиран по број на заболени, старосни групи и месец во кој нејчесто се јавувал.
доктор на медицина
Факултетот за Медицински науки при Универзитетот “Гоце Делчев” во Штип го најавува Првиот Интернационален Студентски Симпозиум 2016 на тема: CELEBRATING ACHIEVEMENTS IN MEDICAL SCIENCES, PROMOTING HEALTH AND SHARING KNOWLEDGE, кој ќе се одржи на 20ти Април 2016 година во Мултимедијалниот Центар во просториите на Универзитетот “Гоце Делчев” во Штип.

Најчитани статии - исхрана

Останати содржини