Исхрана за посебни медицински состојби
Тибетската медицина е многу распространета низ светот, баш поради фактот дека во оваа област луѓето доживуваат најдлабока старост. Луѓето се интересирале за тибетските обичаи и нормално за традиционалните тибетски рецепти, па познавачите на алтернативната медицина нудат повеќе производи кои се здрави, а за кои се верува дека го продолжуваат животот. Еве и еден чај, кој редовно се употребува во тибетската медицина, а е многу делотворен за организмот.
До сега многу пати сме зборувале за високиот крвен притисок, како да го лекувате и зошто тој е штетен за вашето здравје. Денес, сакаме да обрнеме внимание на нискиот крвен притисок или хипотензија, тој навидум е помалку опасен од високиот, но сепак не е баш така. Крвниот притисок треба да биде нормален за да овозможи добар дотур на крв во сите витални органи, а особено до мозокот. Прочитајте неколку природни начини како да го лекувате нискиот крвен притисок.
Последниот пат кога отидовте на преглед, резултатите од крвните анализи покажале дека вашето здравје не е на завидно ниво. Едноставно имунитетот паднат, маснотиите зголемени, железото и хемоглобинот под задоволителното ниво. Што да правите? Од каде да започнете? Еве еден едноставен рецепт како да направите "рефреш" на вашата крв...
Есента веќе пристигнува, па поради ова време е да го промениме и начинот на исхрана. Време е да се ориентираме кон здрава и густа супа, која ќе ни обезбеди многу витамини, минерали и енергија за есенските денови. Денес имаме рецепт за супа која е лесна за приготовка, но и многу ефикасна и здрава, а се базира на плодот и листовите од карфиолот кој има веќе докажано дејство за здравјето.
Многу пати имаме пишувано на оваа тема, но кога се работи за обликување и одржување на рамен стомак, никогаш не е доста да се слушне некој совет плус. Денес ви претставуваме пет златни правила за рамен стомак...

Најчитани статии - исхрана

Останати содржини