тимот на Доктори.мк
м-р Лидија Зорба
м-р Лидија Зорба
психолог
Центар за применета психологија "Зорба Консалтинг" - Скопје
 
 

М-р Лидија Зорба работи како психолог, едукатор и тренер во Центарот за применета психологија “Зорба Консалтинг” Скопје. Дипломирала на Филозофскиот факултет во Скопје каде се стекнува со звањето – дипломиран професор по филозофија, а потоа своето образование го продолжува на постдипломските студии на катедрата за психологија.

Петнаесет години од своето работење го минува како новинар, водител и уредник во: “Нова Македонија”, “Вечер”, “Скок”, “М Експрес”, “Македонско сонце”, “Вулкан”, Радио “Равел” и “МТМ” телевизија каде работеше како автор, уредник и водител на емисиите: “Психо советник”, “ПССТ”, “Спорт и околу спортот”,”Ведро попладне”, како и информативната емисија “Урбани вести”. Автор е на документарни, едукативни и играни емисии финансирани од Советот на Радиодифузија на Македонија како: “Невербална комуникација”, “И ние можеме”, “Радио Преспа, прво македонско радио во Албанија” и други.


Курс за боди-билдинг и фитнес инструктори

Курсот за боди-билдинг и фитнес инструктори е прв и единствен од ваков вид во Македонија. Неговата основна цел е да обучи кадар за работа во теретани и надвор од нив, за луѓето кои сакаат да се занимаваат со боди-билдинг и фитнес, но и за луѓето кои ги користат изокинетичките вежби во теретана како дел од кондициониот тренинг за подобрување на спортските резултати во други спортови како и за луѓе кои сакаат да го подобрат своето здравје, изгледот и општата психофизичка состојба.

прочитај повеќе...
Објавени книги

Во 2010 ја издава книгата за личен развој “Поблиску до себе”.

прочитај повеќе...
Листа на статии од авторот: