тимот на Доктори.мк
д-р Горан Манев
д-р Горан Манев
доктор по медицина, додипломски студии по акупунктура, лиценциран aкупунктурист, член на Британскиот совет на акупунктуристи, член на Британската комора за медицинска акупунктура
„Акупунктура Шен“ - ординација за кинеска медицина
 
 

Доктор Горан Манев е роден на 26.10.1980г.

Образование

  • BCC по Акупунктура - Портсмоут Универзитет, Велика Британија, 2007-2010;
  • Доктор по Медицина  - Тракиски Универзитет, Република Бугарија, 1999-2005; 

По завршувањето на факултетот по медицина и работењето како општ лекар во Македонија, е заинтересиран за изучување на здравјето на луѓето од малку поинаков аспект. По шест месечното истражување за акупунктура и кинеска медицина, заминува во Лондон, каде што завршува додипломски студии по акупунктура на Портсмоут Универзитетот.

Како дипломиран акупунктурист и лекар работи во Лондон во високо етаблирани клиники, како Вимбледон Клиника и ЦРИ клиниките, каде што има можност да се здобие со уникатно искуство во областа на кинеската медицина. Покрај ова, посетува бројни семинари со светски познати доктори по кинеска медицина. Едукацијата во кинеската медицина го проширува неговото разбирање и му дава  еден поинаков поглед кон човековото здравје. Д-р Манев вели: "Поради ова мое искуство, започнав да применувам холистички пристап при третирањето на различни состојби без разлика дали применувам источна или западна медицина“. 

Во моментов живее во Скопје, каде работи како лекар по општа медицина и е сопственик и терапевт во „Акупунктура Шен“ - ординација за Кинеска медицина.


За Доктори.мк
Кога се вратив да живеам и работам во Македонија работејќи на нет за лични професионални потреби многу често наидував на сајтот на Доктори.мк го разгледав, и морам да признаам дека е за пофалба. Со постоењето на ваков портал се овозможува на секој здравствен работник да го сподели своето знаење, откритие или идеа, а со тоа да допринесе за доброто на сите. Дизајнот, достапноста за пошироката јавност и интересните теми дополнително допринесуваат за едукативниот карактер на порталот. Чест ми е што сум дел од Доктори.мк. Продолжете во истиот дух и се надевам на добра соработка.
Листа на статии од авторот: