Биди и ти дел од тимот на доктори.мк

Одлична можност да допрете до вашите пациенти. Уверени сме дека нашата понуда заслужува дел од вашето време:


Сите се добредојдени да соработуваат со доктори.мк и да се вклучат во тимот.

Доколку сте доктор на медицина , доктор на стоматологија или претставник на некоја здравствена установа, доколку сакате да пишувате за doktori.mk или имате веќе напишани материјали кои сакате да ги објавите - контактирајте не.

Сите соработници кои ќе учествуваат во креирање на содржините на сајтот ќе добијат профил страна, на која ќе има профил слика (опционално), резиме за вашето образование, досегашни ангажмани, вашите интереси , содржините кои сте ги напишале за доктори.мк како и можност пациентите и посетителите на страната да ве контактираат преку електронска пошта.

Авторските содржини се објавуваат на главната страна секојдневно, по што неограничено остануваат дел од страната. Доктори.мк ќе помогне во креирање на завршниот визуелен изглед на вашите авторски содржини.

Освен доближувањето до широката јавност, соработката со доктори.мк е одлична можност да бидете забележани од потенцијални работодавачи.

Доколку не сте заинтересирани за учество во креирање на содржините, ве охрабруваме да го додадете својот маркер и со тоа да бидете чекор поблиску до своите пациенти. Оваа услуга е достапна за сите, без никаков надоместок.

Доктори.мк во согласност со целите и заложбите на основачкиот тим е отворен за соработка со други веб страни.

Доколку имате било какви прашања , коментари или критики контактирајте не, ќе ни биде задоволство да ви одговориме.


со почит, тимот на доктори.мк

Внесете име:
Внесете е-пошта:
Внесете содржина: