SAW PALMETTO


Мислења: 6
Зачленет: 15 Сеп 2013, 17:29
Мислење: 27 Ное 2016, 20:26
Saw Palmetto е ниско-растечка палма, која содржи бројни полезни состојки, вклучувајќи флавоноиди, стероли и масни киселини кои го поддржуваат здравјето на простата.

Како делува Saw Palmetto?

50-60% од мажите во светот патат од синдромот на зголемена простата што предизвикува многу болно мокрење. До зголемеување на простата доаѓа поради хормонални промени кои се нормална појава кај секој зрел маж. Saw Palmetto е комплетно природна состојка која го го блокира и природно спречува растот на простатата и го поддржува здравјето на простата.

Иако самото зголемување на простата е доброчудно, тегобите настануваат поради делумно или целосно затварање на мокрачниот канал и се манифестираат како отежнато, често и непотполно мокрење и болна ерекција. Блокадата на уретрата и заостанатата урина претставуваат опасност за бубрезите и се поволни за развој на инфекции.

Спротивно на некои други опции, Saw Palmetto нема естрогенско (женски хормон) влијание на телото на мажите и е без споредни ефекти, како што е губење на сексуалната желба.

ПОЛЕЗНОСТИ

– Превентива од двете состојби кои предизвикуваат страв кај мажите од средните години: заболување на простата и ќелавост

– Поддржува здраво функционирање на простата

– Природен и сигурен избор за мажи со проблеми со простата и мокрење

– Го штити здравјето на простата додека помага да се избегне опаѓање на косата и ќелавеење

– Се препорачува на спортистите, а особено на оние кои употребуваат стероиди (зголемувањето на простата е само еден од штетните ефекти од употребата на стероиди)

– Поддршка при инфекции на мокрачните патишта

– Го зголемува производството на сперма и сексуалниот нагон кај мажите

Saw Palmetto е извонреден природен производ за поддршка при најчестите тегоби и проблеми на современиот маж поврзани со простата, импотенција и неплодност. Поддршка за зачувување на Вашата простата и здравје и потпора за ослободување од сите непријатности поврзани со заболувањето на простатата.

Врати се на Суплементи

Кој е онлајн

Корисници на овој форум: Нерегистрирани корисници и 1 гостин