Вагинален исцедок (темен, зголемен и др.)

водечки здравствени ризици и здравјето на градите, ПМС и менопауза, бременост и сексуално здравје, и многу повеќе

Мислења: 1
Зачленет: 15 Мај 2013, 09:56
Мислење: 15 Мај 2013, 12:11
Здраво, имам еден проблем....минатиот месец добив менструален циклус на 22 април кој ми дојде точно на време односно 28 ден од последната менструација.Имав редовна менструација како и секогаш и ми заврши на 26 април....на 30 април повторно прокрвавев немав менструација како и секогаш, туку 4 дена по една капка крв на влошката....денес повторно добив и тоа е 24 ден од менструацијата која ја имав минатиот месец под нормални услови....во меѓувреме пиев флажил таблети и вагиналети исто така флажил бидејќи бев на редовен гинеколошки преглед и на пап тестот ми најдоа трихомонас вагиналис...направив микробиолошки испитувања и наодите беа сите во ред....кажете ми ќе ве молам од кои причини би можело да биде ова пореметуње на циклусот бидејки на вагиналното ехо покажа дека се е во ред и со јајниците и со матката единствен проблем излезе бактеријата...повторно испитување требаше да направам денес но поради тоа што добив одложив....Навистина сум исплашена бидејки ова ми се случува за прв во животот и навистина повеќе незнам што да мислам дали е нешто нормално или треба да инсистирам на посериозни испитувања кај матичниот гинеколог.....Се надевам на брз одговор.....Ви благодарам
Кориснички аватар
Мислења: 127
Зачленет: 28 Авг 2011, 15:40
Мислење: 20 Мај 2013, 13:12
milena77 напишал:
milena77 напишал:Imam prasanje do doktorot,.Na pap testot se pokaza deka imam bakterija Trihomonijaza i doktorot mi prepisa flazil 400mg tableti 2/1 i vaginaleti flazil,..a mene nikako ne mi pominuva,..znaci i prethodno gi piev i nisto,.stomakot i e naduen i osekam golema bolka duri i vo polovinata,..posle terapijata prviot pat so flazil zedov i lactogin tableti i vaginaletki linex lady ama toa bese samo malo podobruvanje i povtorno istoto,.znaci se znae za koja bakterija se raboti samo mene lekarstvata ne mi pomagaat,.pred flazilot koristev baktrim i nepopenotran forte ama povtorno nisto,..isto od tabletite flazil cuvstvuvam macnini i glavobolki, osetot za miris mi e namalen i cuvstvo na olovo vo ustata,.dali ima nekoj efikasen lek sto ke mi pomogne?
Vi blagodaram mnogu

Ke mi odgovori nekoj???????


Почитувана,

Ја прочитав Вашата порака. Морам да напоменам од старт дека не сум спец.гинеколог, но ќе се обидам да дадам некој совет. Во сите препораки за третман на трихомонијаза стои дека треба да се зема Метронидазол или Тинидазол. Па и Неопенотранот е по генерика Метронидазол плус Миконазол. Метронидазолот (или Тинидазолот) треба да го земаат двата партнери истовремено, а многу е важно во тоа време да се воздржуваат од сексуални односи (се додека не се излекуваат двајцата). Претпоставувам дека го знаете ова, но сепак морам да прашам дали се придржувавте кон тоа? Доколку одговорот е да, и Метронидазолот кај Вас не делува, дали сте пробале третман со Тинидазол?

Исто така, важно е и одржувањето на ригорозна хигиена на гениталиите за време на третманот, одржувањето на нормална pH на вагината, како и зајакнување на имунитетот. Правилна, редовна исхрана, како и внес на витамини би требало да го подобрат истиот. Како и да е, моја препорака е (доколку досега немаш направено) да направиш и рутинска крвна слика. Во однос на pH на вагината и нејзиното одржување во нормални кисели вредности, еве неколку совети кои и претходно ги имам објавено во форумов:

- Одржување на правилна хигиена, миење со сапуни со благо дејство;

- Избегнување на испирање на вагината и прскање на разни дезодоранси во гениталниот предел;

- Носење на памучна долна облека;

- Редовно користење на кондоми при сексуални односи;

- Внесување на пробиотикот Lactobacillus acidophilus во исхраната - преку пиење јогурт итн...

Инаку за антибиотиците кои ги спомнавте (Бактрим и Гентамицин) не гледам никаква логика да делуваат на паразит, каков што е Трихомонасот.

На крајот, ќе те замолам се ова што ти го напишав да го сфатиш само како совет, и сепак за ова да разговараш со твојот матичен гинеколог. Доколку не си задоволна од гинекологот, секогаш можеш да побараш и второ мислење од друг гинеколог.

Мислења: 1
Зачленет: 11 Јун 2013, 09:48
Мислење: 11 Јун 2013, 09:57
Zdravo, Veke nekoj period se soocuvam so pogolemo kolicestvo na bel iscedok i toa samo pri seksualen odnos, i porano mi se ima sluceno ne vo tolkava mera.
Bi sakala da mi kazete zosto e toa taka
Vi blagodaram odnapred...

Мислења: 1
Зачленет: 17 Јун 2013, 11:05
Мислење: 17 Јун 2013, 11:08
Да ве консултирам за нешто. Имавме незаштитени односи со вереникот месецов и требаше да добијам вчера, не се секирам кога ми доцни бидејќи ми доцни секој месец по 10, 15 дена и кога ќе ми дојде значи имам премногу обилна менструација, со болки првите 2 дена со се, не можам од кревет да станам. Овој пат за прв пат се случува нешто чудно, имам некој кафеав исцедок еден ден пред да добијам (14ти) и еве веќе 3 дена така, сега гледам нема ништо. Има ли шанси за бременост или... ?
Имам прочитано вакво нешто, дали е точно:
"Toa krvarenje najcesto se javuva kaj 70% bremeni zeni, i toa okolu 7miot den od zacnuvanjeto, znaci nekade edna nedela pred ocekuvanoto menstrualno krvarenje. rezultat e na implantacijata na konceptusot vo endometriumot(epitelot) na matkata, koj brojni enzimi na konceptusot go razgraduvaat i doagja do krvarenje koe brzo prestanuva zasto se stvara koagulum( se zasiruva krvta na mestoto kade sto se implaniral konceptusot) i toj pocnuva da se razviva. osven ova krvarenje, site ostanati simptomi kako gadenje, pocesto mokrenje, bolki vo grbot, malaksanost se individualni."

Мислења: 1
Зачленет: 27 Авг 2013, 20:26
Мислење: 27 Авг 2013, 20:35
Zdravo. Prv pat otvaram tema na forumov bidejki itno sakam odgovor.
Imam rechisi 17 godini i veke nekolku meseci od vreme na vreme imam zolt vaginalen iscedok, no rechisi sekogash do sega nemashe nekoj miris. Mozebi samo 1-2 pati. No pred nekolku nedeli pochnuvav da ja gubam chuvstvitelnosta. Na dopir e rechisi bezchuvstvitelno.
Za shto se raboti? i dali e voopshto normalno? Inaku ispiranje na vaginata ne sum preferirala.. edinstveno izmivanje so gel za tushiranje... Ve molam za pobrz odgovor!!!

Мислења: 2
Зачленет: 02 Окт 2013, 11:20
Мислење: 02 Окт 2013, 11:37
Vo poslednata nedela ipol imam temen kafen vaginalen iscedok dali e nesto seriozno?
Кориснички аватар
Мислења: 198
Зачленет: 20 Фев 2013, 18:05
Локација: Тетово
Мислење: 02 Окт 2013, 15:02
Vo poslednata nedela ipol imam temen kafen vaginalen iscedok dali e nesto seriozno?

Здраво ,
Има разлика помеѓу светол и темен кафеав вагинален исцедок , а и за истите има различна етиологија , затоа најдобро е да го консултираш својот гинеколог за подетални информации , затоа што исцедокот сам како исцедок не е главен знак за никое заболување , но комбинација од повеќе знаци/симптоми може да сугерира на одредено заболување.
Како и да е , темниот вагинален исцедок може да биде предизвикан од повеќе фактори , како што се: 1.бременост - како ран знак на бременоста , во процесот на имплантација на зиготот во утериниот ендометриум , каде што исцедокот може да трае неколку дена до една недела по што спонтано го снемува
2.овулација - каде исцедокот се појавува при процесот на ослободување на јајцевата клетка од графовиот фоликул , иако ретка појава сепак се јавува кај одредени женски индивидуи , каде што поминува спонтано во период од неколку денови
3.менопауза - особено во пременопаузалниот период кај повеќето жени може да се забележи присуство на кафеав исдецок при нормалното менструално крварење
4.ендометријално крварење - каде некој дел од ендометриумот на ѕидот на матката не бил отстранет во периодот на менструалното крварење , па ради таа причина може да се јави кафеав исцедок одреден период по завршувањето на циклусот или пред почетокот на наредниот циклус.
5.Пелвична инфламаторна болест (ПИБ) - инфективно заболување од посериозен карактер кое бара обавезна посета на гинеколог , каде покрај абдоминалната болка , абдоминалниот дискомфорт , болка при коитус , може да биде придружено со појава на кафеав исцедок.
6.цервикален карцином - кој исто така е асоциран со појава на темен кафеав исцедок , но покрај тоа се забележуваат и други знаци и симптоми како што е губиток на апетит , пелвична болка , болка во нозете , мачнина , гадење , повраќање..
Доколку ви се јаваат и следните симптоми како што е чешање , чувство на жарење , болка во вагиналната регија , оток , сексуални болки тогаш морате под итно да го посетите вашиот гинеколог.
Се најдобро.
Др.Живорад Коцевски

Мислења: 2
Зачленет: 02 Окт 2013, 11:20
Мислење: 02 Окт 2013, 18:14
Vi blagodaram mnogu mislam i se nadevam deka ne e nisto poseriozno kaj mene spored rabotite koi sto mi gi objasnivte.

Мислења: 1
Зачленет: 03 Окт 2013, 14:48
Мислење: 03 Окт 2013, 14:52
Здраво...имам мал проблем имам вагинален исцедок (крв и гној,кој мириса лошо) а менструацијата ми беше на 16ти истиов месец..што би можело да го предизвика ваквиот исцедок и што можам да направам во врска со тоа? Фала ви :)

Мислења: 1
Зачленет: 09 Окт 2013, 22:34
Мислење: 09 Окт 2013, 22:44
здраво имам прашање до дкторот.Имав добиено пред 9 дена траењето на циклусот ми е 5 дена после тие денови пак поцнав да крварам дури до денес и имам исти болки како сто ги имам за време на циклусо (имам полицистични јајници ) позз
ПретходноNext


Врати се на Женско здравје

Кој е онлајн

Корисници на овој форум: Нерегистрирани корисници и 1 гостин