Менструација

водечки здравствени ризици и здравјето на градите, ПМС и менопауза, бременост и сексуално здравје, и многу повеќе

Мислења: 2
Зачленет: 18 Апр 2012, 01:49
Мислење: 18 Апр 2012, 02:03
Имам 20 години и сеуште нередовна менструција... ми се случува да имам обилно крварење по 3 недели,а после тоа да немам следните три месеци...или пак да се израдвам што неколку месеци ми била редовна дури и датумите да се поклопуваат,а потоа пак да немам 2-3 месеци. Досега неколку пати сум била на гинеколог и ми препорачале разни хормонски апчиња од кои досега не сум видела никаква корист.До пред некое време(скоро 3 години) имав редовни сексуални односи,но и после то не ми се регулира,иако ми беше нагласено од гинеколозите кои сум ги посетила,дека ако имам редовен секс ,менструацијата ќе ми се регулира.Да нагласам дека немам болна менструација,а ретко и некој посебен симтом кој ке ме алармира за нејзиното доаѓање.Исто така имам зголемено лачење на бело прање,кое е застапено цело време.

Мислења: 5
Зачленет: 14 Мар 2012, 17:06
Мислење: 20 Апр 2012, 11:39
ivanna напишал:Имам 20 години и сеуште нередовна менструција... ми се случува да имам обилно крварење по 3 недели,а после тоа да немам следните три месеци...или пак да се израдвам што неколку месеци ми била редовна дури и датумите да се поклопуваат,а потоа пак да немам 2-3 месеци. Досега неколку пати сум била на гинеколог и ми препорачале разни хормонски апчиња од кои досега не сум видела никаква корист.До пред некое време(скоро 3 години) имав редовни сексуални односи,но и после то не ми се регулира,иако ми беше нагласено од гинеколозите кои сум ги посетила,дека ако имам редовен секс ,менструацијата ќе ми се регулира.Да нагласам дека немам болна менструација,а ретко и некој посебен симтом кој ке ме алармира за нејзиното доаѓање.Исто така имам зголемено лачење на бело прање,кое е застапено цело време.

Ivana najdobro ke ti bide da go ispitas Prolactinot koj e isto taka odgovoren za vasiot problem,i da si napravis Magnetna rezonanca na hipofiza(glaven dirigent na hormonite) i da si posetis soodveten doktor.Poz http://doktori.mk/element/view/4f8abf48 ... aktinomite
i citni go ova ke ti pomogne !

Мислења: 2
Зачленет: 18 Апр 2012, 01:49
Мислење: 21 Апр 2012, 20:48
igor17 напишал:
ivanna напишал:Имам 20 години и сеуште нередовна менструција... ми се случува да имам обилно крварење по 3 недели,а после тоа да немам следните три месеци...или пак да се израдвам што неколку месеци ми била редовна дури и датумите да се поклопуваат,а потоа пак да немам 2-3 месеци. Досега неколку пати сум била на гинеколог и ми препорачале разни хормонски апчиња од кои досега не сум видела никаква корист.До пред некое време(скоро 3 години) имав редовни сексуални односи,но и после то не ми се регулира,иако ми беше нагласено од гинеколозите кои сум ги посетила,дека ако имам редовен секс ,менструацијата ќе ми се регулира.Да нагласам дека немам болна менструација,а ретко и некој посебен симтом кој ке ме алармира за нејзиното доаѓање.Исто така имам зголемено лачење на бело прање,кое е застапено цело време.

Ivana najdobro ke ti bide da go ispitas Prolactinot koj e isto taka odgovoren za vasiot problem,i da si napravis Magnetna rezonanca na hipofiza(glaven dirigent na hormonite) i da si posetis soodveten doktor.Poz http://doktori.mk/element/view/4f8abf48 ... aktinomite
i citni go ova ke ti pomogne !

Vo najbrz mozen rok ke se potrudam na odam na magnetna rezonanca i na ispituvanje... bas bi me interesiralo tvoeto mislenje,dali nesto od ova moze da e pricina za zgolemenoto belo pranje,koe poslednava nedela e prpoprateno so neprijaten kisel miris?

Мислења: 9
Зачленет: 17 Дек 2011, 00:19
Мислење: 26 Мај 2012, 13:49
Има ли online од докторите за да ми одговори на прашањето,веќе подолго време чекам одговор.Ако има би била благодарна да слусна стручно мислење за мојот проблем зашто,во неизвесност сум дали е све во ред со мене.Поздрав и благодарам од напред

Мислења: 96
Зачленет: 19 Јан 2012, 00:11
Мислење: 26 Мај 2012, 13:58
radica za tvojot problem posovetuvaj se so endokrinolog oni se strucnaci za hormoni ne ginekolozite odi na klinika za endokrinologija inace taka kako sto vidov jas prolaktinot ti e visok a estradiolot nizok
Кориснички аватар
Мислења: 50
Зачленет: 02 Јул 2012, 04:36
Локација: Sofia,Bulgaria
Мислење: 08 Јул 2012, 16:05
Ane G напишал:Imam mn. bolna menstruacija Pijam kafetin menstrual ama mi kazaa deka bile stetni Ve molam da mi preporacate dr. lekarstva vo slucaj da ovie se steni Fala odnapred



Почитувана Ане Г еве повелете го линкот :
http://doktori.mk/element/view/4f493068 ... dismenorea
Тука ке можете да прочитате повеќе за болната менструација !

Поздрав и се најдобро
Кориснички аватар
Мислења: 50
Зачленет: 02 Јул 2012, 04:36
Локација: Sofia,Bulgaria
Мислење: 08 Јул 2012, 16:16
Elicaatanasova напишал:kolku vreme treba da trae eden ciklus


Почитувана Елица Атанасова еве ти повеќе информации за менструалниот циклус !

Месечен циклус кај жената
Месечниот циклус на жената се мери од првиот ден на нејзината менструација до првиот ден на следната менструација. Кај повеќето жени, циклусот трае од 28 до 30 дена...
Месечниот циклус на жената се мери од првиот ден на нејзината менструација до првиот ден на следната менструација. Кај повеќето жени, циклусот трае од 28 до 30 дена и тоа се смета за нормална должина на циклусот, додека кај други жени тој трае подолго или пократко. Месечниот циклус може да се подели во 4 фази: менструален циклус, пред овулација, овулација и по овулација.
Менструален циклус е период, во кој доаѓа до исфрлање на неоплодените (изумрени) јајце клетки од претходниот циклус, заедно со слузта од матката. Тоа е период кој трае од 5 до 7 дена кога крвариме. Во тек на менструација, жената во просек губи од 10 до 80 мл. крв. Во оваа фаза, нивото на естроген е многу низок.
Фаза пред овулација (фоликуларна фаза) настапува кога хипоталамусот (кој е задолжен за одржување на хормоните во организмот) праќа порака на хипофизата, која почнува да лачи фоликостимулирачки хормон ( FSH ) . Овој хормон ги стимулира фоликулите да развиваат зрели јајце клетки, од кои само една ќе биде вистинска што ќе созрее во јајникот и ќе тргне по својот пат кон јајникот и матката. При процесот на созревање, фоликулите почнуваат да произведуваат естроген. Зголеменото ниво на естроген праќа порака на хипоталамусот и хипофизата, дека постои зрела јајце клетка, што доведува до лачење на лутенизираниот хормон (LH).
Помеѓу 24 и 36 часа од почетокот на лачењето на лутенизираниот хормон, зрелата јајце клетка се одвојува од јајникот и тргнува кон матката. Тоа е период на овулација. Во овој период шансите за зачнување се најголеми.
Во фазата по овулација (лутеална фаза), фоликулата од која настанала зрелата јајце клетка (corpus luteum ) почнува да лачи прогестерон, кој и помага во подготовка на матката за примање на оплодената јајце клетка. Прогестеронот се произведува 12 до 16 дена. Доколку дојде до оплодување, прогестерон продолжува да се произведува, за да помогне во развивање на плодот во раната бременост, како и во подготвување на градите за правење млеко. Доколку не дојде до оплодување, нивото на хормонот почнува да опаѓа и околу 14 дена по овулацијата, изумрената јајце клетка заедно со слузта од матката се излачуваат низ вагинално крварење- менструација. Тогаш настанува нов месечен циклус.


Поздрав и се најдобро
Кориснички аватар
Мислења: 50
Зачленет: 02 Јул 2012, 04:36
Локација: Sofia,Bulgaria
Мислење: 08 Јул 2012, 16:26
vesne напишал:Zdravo,imam 33 godini,do pred edna godina imav redovna menstruacija na 22 dena,veke edna godina imam neredovna menstruacija,piev kontraceptivni apcinja,no ne mi pomognaa,cisti nemam,bi sakala da mi kazete za sto stanuva zbor,i dalli mozam da ostanam bremena vo ovoj period koga nemam redovna menstruacija,?



Почитувана Весне повелете неколку информации во врска со вашето прашање и проблематика . Се надевам дека ке ви е од корист .

Што е нередовен менструален циклус

За нередовни менструални циклуси се сметаат оние каде што должината на траењето на циклусот варира од месец во месец, за повеќе од неколку дена или пак има големо варирање во јачината на крварењето.
Школски менструалниот циклус трае 28 дена, но во пракса тоа е реткост. Огромен број на жени имаат циклус со траење од 23-35 дена и тоа е нормална појава. Не се загрижувајте ако имате 1-2 нередовни циклуси, тоа е сосема нормално. Ако вашиот циклус трае помалку од 21 ден можно е да има проблем со плодноста.
Ако нередовните циклуси продолжат во текот на неколку месеци, препорачливо е да посетите лекар.

Причини за нередовен менструален циклус

Може да има многу причини, а коренот е пореметување во работата на хормоните. Главни причини за нередовна менструација се:
Стресот има огромно влијаните врз хормоналната рамнотежа во телото, па со самото тоа и на менструалниот циклус.
Лошата исхрана може да го поремети менструалниот циклус на жената. Наглото губење или качување на килажа може да доведе до запирање на циклусот или нередовни циклуси. Познато е дека во случај на анорексија или булимија, жените најчесто ја губат менструацијата.
Многу напорни физички вежби. Познато е дека кај спортистките може да дојде до изостанување на менструалниот циклус.
Менопауза - како што жената се приближува до менопаузата, почнуваат и промени и изостанување на циклусот.
Контрацепциските хормонални препарати исто можат да го нарушат циклусот, додека телото не се прилагоди на новата хормонална ситуација.
Синдром на полицистични јајници - ПЦОС ит.н.

Влијание на нередовните цилуси врз плодноста на жената

Повеќето жени со нередовни циклуси нема да имаат проблем со зачнувањето, но нередовните циклуси можат да бидат причина за неплодност.
Нередовната менструација може да укажуваа на проблем со овулацијата или на отсуство на овулацијата. Врз плодноста на жената имаат влијаните многу фактори, но доколку не дојде до овулација, односно ако не дојде до ослободување на зрела јајце клетка, оплодувањето е невозможно.
На неплодност заради проблем со овулацијата отпаѓаат околу 30-40% од вкупните случаи на женска неплодност.
Сепак нередовните циклуси не мора да значи дека укажуваат на отсуство на овулација. Иако циклусите се поретки, жената може да има овулација, но поретко наместо секој месец.
Поретката овулација може да претсавува проблем при зачнувањето, но во таков случај може многу да помогне следењето на знаците на плодност (особено следењето на цервикалната слуз), за да се одредат плодните денови во тој циклус.
Честа причина за нередовен менструален циклус и отсуство на овулација е синдромот на полицистични јајници - ПЦОС.
Отсуството на овулација се нарекува ановулација.


Третмани за подобрување на плодноста
Со цел кај жените со нередовен менструален циклус да се предизвикаат почести циклуси и со самото тоа и почеста овулација, многу често се користи Кломифен цитрат. Кломифенот е првиот избор и за третман на ановулација - односно отстуство на овулација кај жената.
Кломифенот ги стимулира јајниците да почнат да созреваат повеќе јајце клетки. Кај повеќето жени кломифенот дава резулат. Се почнува со земање на доза од 50 или 100 мг дневно од третиот до седмиот или од петтиот до деветтиот ден на циклусот. Ако овулацијата со оваа доза изостане, во наредниот циклус дозата се зголемува на 150 или 200мг, ако нема успех и после третиот циклус со Кломифен, се преминува на друг начин на стимулација.
Кломифенот често предизвикува да дојде до намалување или влошување на квалитетот на плодната слуз од грлото на матката. Тоа го отежнува движењето на сперматозоидите и може да ги намали шансите за оплодување. Затоа многу често употребата на Кломифен се комбинира со инсеминација. Обработената сперма се става директно во матката на жената. На тој начин се премостува пречката заради отсуството на погодна плодна слуз.
Кај оние жени кај кои предизвикувањето на овулација не е успешно со Кломифен, се прави стимулација со хормонални инекции, на пример Гонал-Ф. Кај околу 90% од жените, на овој начин успешно се постигнува овулација.
Кај хормонално стимулираните циклуси честа е појавата на повеќекратна бременост. Причина за тоа е што многу често се случува да созреат и да се оплодат повеќе јајце клетки. Па лесно може да дојде до зачнување на двојки, тројки итн.
Сепак пред да се почне со третман за стимулирање на овулацијата, потребно е да се исклучат како причина проблеми со: хипофизата, надбубрежната и тироидната жлезда.

Влијанието на стресот врз менструалниот циклус

Кај паровите кои се соочуваат со неплодност е зголемено нивото на стрес. Но во исто време стресот и самиот може да биде причина за неплодност и да предизвика отсуство на овулација. На тој начин уште повеќе се намалуваат шансите да дојде до бременост.
За да го намалите стресот може да помогнат разговорот и отвореноста со партнерот, редовни физички вежби, намалување на кофеинот и другите стимуланси итн. Обидете се да го пронајдете и да го правите она што ќе ве опушти вас.


ПОЗДРАВ И СЕ НАЈДОБРО
Кориснички аватар
Мислења: 5
Зачленет: 31 Јул 2012, 12:17
Мислење: 31 Јул 2012, 13:05
Здраво. Имам многу болна менстуација и ништо освен кетонал не ми помага. Понекогаш стигнувам и до инекции. Знам дека кетонал апчињата се штетни за желудникот но ги пиам веќе 2 години и немам проблем со нив. Можно ли е да се јават проблемите покасно? И уште нешто пред еден месец слуснав дека конзумирањето на магнезиум 10 дена пред менструација ја намалува болката колку е тоа точно?
Toj sto go gleda nevidlivoto, go slusa bezglasnoto i veruva vo neverojatnoto, ke go postigne nevozmoznoto.

Мислења: 96
Зачленет: 19 Јан 2012, 00:11
Мислење: 31 Јул 2012, 19:33
Tanje напишал:Здраво. Имам многу болна менстуација и ништо освен кетонал не ми помага. Понекогаш стигнувам и до инекции. Знам дека кетонал апчињата се штетни за желудникот но ги пиам веќе 2 години и немам проблем со нив. Можно ли е да се јават проблемите покасно? И уште нешто пред еден месец слуснав дека конзумирањето на магнезиум 10 дена пред менструација ја намалува болката колку е тоа точно?

a imas li ispitano od sto ti e tolku bolna menstruacijata sa ne imas endometrioza da ne ti se hormonite poremeteni
ПретходноNext


Врати се на Женско здравје

Кој е онлајн

Корисници на овој форум: Нерегистрирани корисници и 2 гости