Менструација

водечки здравствени ризици и здравјето на градите, ПМС и менопауза, бременост и сексуално здравје, и многу повеќе

Мислења: 1
Зачленет: 09 Дек 2011, 15:57
Мислење: 09 Дек 2011, 16:00
Здраво
Јас имам веке со години нередовна менструација ( добивам 2-3 пати годишно) последен пат добив на 27 октомври и еве овој месец не добив. Но она што ме загрижува е што веќе недела дена имам како некој блед крвав исцедок на долната облека, првите неколку дена беше потемен, понекогаш и кафен и мислев дека тоа е знак дека ќе добијам, но еве сега има само како бледа едвај примерлива крв :? што може да е ова?
Кориснички аватар
Мислења: 127
Зачленет: 28 Авг 2011, 15:40
Мислење: 10 Дек 2011, 19:33
Значи ти веќе подолго време имаш олигоменореја (состојба во која менструациите настануваат во интервали поголеми од 35 дена - со мал број на годишни менструации). Како што сето ова го опишуваш, јас би рекол дека во овој случај се работи за менструација која количински била мала.

Јас сепак би сакал да те прашам дали имаш направено испитувања да ја пронајдеш причината за олигоменорејата? Можни се повеќе причинители: од конституционални фактори (меѓу нив и возраста), до пролактиноми, тиреотоксикоза, полицистичен оваријален синдром (ПЦОС), анорексија итн...

Мислења: 1
Зачленет: 10 Дек 2011, 20:15
Мислење: 10 Дек 2011, 20:17
dr.pressure напишал:Значи ти веќе подолго време имаш олигоменореја (состојба во која менструациите настануваат во интервали поголеми од 35 дена - со мал број на годишни менструации). Како што сето ова го опишуваш, јас би рекол дека во овој случај се работи за менструација која количински била мала.

Јас сепак би сакал да те прашам дали имаш направено испитувања да ја пронајдеш причината за олигоменорејата? Можни се повеќе причинители: од конституционални фактори (меѓу нив и возраста), до пролактиноми, тиреотоксикоза, полицистичен оваријален синдром (ПЦОС), анорексија итн...


Имам 21 година а ова ми се случува од 16 години. Имам пиено и контрацептивна терапија но не ми помогна. Ги имам направено сите испитување, сите хормони се добри,шеќерот во крвта, работата на тироидната жлезда, ја испитував и работата на надбубрежната жлезда пред некоја година. Причината ја водат како полицистчни јајници, но тоа се всушност фоликули полни со крв кои не пукаат :(
Кориснички аватар
Мислења: 127
Зачленет: 28 Авг 2011, 15:40
Мислење: 11 Дек 2011, 20:14
Веројатно дијагнозата ПЦОС ја поставиле по ЕХО преглед... Добро е тоа што се знае причината за олигоменорејата...

ПЦОС е хронична и „упорна“ состојба... Не губи надеж. Некогаш хормонската контрацептивна терапија не делува веднаш - потребно е време или различна комбинација на лекови за да проделува... Исто така, прави редовни ЕХО прегледи за да ја следиш состојбата на цистите и редовно испитувај го нивото на андрогените хормони во крвта (тестостерон, DHEAS итн...). Поздрав и не губи надеж ;)

Мислења: 2
Зачленет: 13 Дек 2011, 01:55
Мислење: 13 Дек 2011, 02:02
Почитувани, долго време имам проблем со висок пролактин, имам 25 год и нередовна менструација. Пијам Dostinex и добивам циклус, но после некое време циклус немам ( после 2-3 месеци). Сакам да Ве прашам дали со вака висок пролактин јас би можела да забременам и дали и ако се лечам би можела да забременам?
Однапред Ви благодарам
Кориснички аватар
Мислења: 127
Зачленет: 28 Авг 2011, 15:40
Мислење: 15 Дек 2011, 02:49
Почитувана,
Најпрво сакам да прашам дали си ја испитала причината за хиперпролактинемијата? Дали имаш направено магнетна резонанца или компјутерска томографија на главата за да утврдиш постоење на пролактином на хипофизата? Или пак абдоминално ЕХО за да утврдиш постоење на Полицистичен оваријален синдром?

Инаку ти ја земаш вистинската терапија во моментов. Каберголинот (Dostinex) има одлична моќ во смалувањето на нивоата на пролактин во крвта...

Бременоста е секако можна, посебно што ти имаш циклуси!Таа е во најголем број случаи безбедна и дури поволно влијае во намалување на нивото на пролактин. Инаку лековите како каберголинот можат да се користат редовно и во бременоста и не се поврзани со малформации на плодот.

Мислења: 2
Зачленет: 13 Дек 2011, 01:55
Мислење: 16 Дек 2011, 18:22
Сакам да кажам дека правев магнетна резонанца и резултатот гласи вака: " Зголемена аденохипофиза со фокална лезија лево со промер до 7 мм. На серијата со ив контраст помало пребојување во опишаната лезија. Инфундибулум и оптичка лезија уредни. Наод во прилог за микроаденом на аденохипофиза". Ако може да ми кажете што значи оваа дијагноза, јас од прилика знам што е тоа микроаденом. Исто така правев и ехо на јајници и ми кажаа дека јајниците не се доволно развиени и во прилог на претходната порака сакам да прашам дали е можна бременост????

Мислења: 7
Зачленет: 18 Дек 2011, 22:03
Мислење: 18 Дек 2011, 22:35
Јас имам 22 години, а прв пат добив на 12 години, и првата менарха ми беше долготрајна, имав обемно крварење кое траеше повеќе од 2 недели. Бев на гинеколог и примив 3 инекции за спречување на крварењето. Потоа правев испитување за да се открие причината и испадна дека имам проблем со тироидната жлезда. Веќе 10 години пијам еутирокс, и правам контрола на секои 6 месеци и со терапија се ми е во граници на нормала. Но имам друг проблем, имам нередовен циклус. 1 месец добивам, па 2 месеци не и така ми скокаше се до оваа 2011.
Пред 2 години, по препорака од гинеколог пиев 6 месеци јасмин контрацептиви, за регулирање на циклусот. Тогаш правев и хормонски тест и испадна дека во моментот немам овулација.
Оваа година од јануари до сега, секој месец редовно добивам, но ми излегуваат многу мозолчиња на лицето, најчесто на вратот кои не се обични, туку болни и трвди внатрешни топчиња. Имам правено ехо на јајници и немам цисти. Сега за сега не можам сеуште да направам вагинално ехо, затоа што сум многу малку сексуално активна ( месец ипол ) и мислам дека е рано за да одам на гинеколошки преглед.
Сакам да прашам дали мојот проблем со менструалниот циклус ќе се среди и дали тироидната жлезда ќе си ја поврати функцијата да го лачи хормонот кој ми недостига, или ќе ја примам таа терапија цел живот...?
Кориснички аватар
Мислења: 127
Зачленет: 28 Авг 2011, 15:40
Мислење: 20 Дек 2011, 20:54
marinia напишал:Сакам да кажам дека правев магнетна резонанца и резултатот гласи вака: " Зголемена аденохипофиза со фокална лезија лево со промер до 7 мм. На серијата со ив контраст помало пребојување во опишаната лезија. Инфундибулум и оптичка лезија уредни. Наод во прилог за микроаденом на аденохипофиза". Ако може да ми кажете што значи оваа дијагноза, јас од прилика знам што е тоа микроаденом. Исто така правев и ехо на јајници и ми кажаа дека јајниците не се доволно развиени и во прилог на претходната порака сакам да прашам дали е можна бременост????


Микроаденомот е бениген тумор од жлездено потекло... Тој во твојот случај го лачи прекумерниот пролактин во крвта... Ќе повторам - се додека имаш циклуси - бременоста е можна! Секако ти треба да одржуваш што пониски вредности на пролактин во крвта (а тоа се постигнува со редовно земање на терапијата).
Кориснички аватар
Мислења: 127
Зачленет: 28 Авг 2011, 15:40
Мислење: 20 Дек 2011, 21:10
Фиби напишал:Јас имам 22 години, а прв пат добив на 12 години, и првата менарха ми беше долготрајна, имав обемно крварење кое траеше повеќе од 2 недели. Бев на гинеколог и примив 3 инекции за спречување на крварењето. Потоа правев испитување за да се открие причината и испадна дека имам проблем со тироидната жлезда. Веќе 10 години пијам еутирокс, и правам контрола на секои 6 месеци и со терапија се ми е во граници на нормала. Но имам друг проблем, имам нередовен циклус. 1 месец добивам, па 2 месеци не и така ми скокаше се до оваа 2011.
Пред 2 години, по препорака од гинеколог пиев 6 месеци јасмин контрацептиви, за регулирање на циклусот. Тогаш правев и хормонски тест и испадна дека во моментот немам овулација.
Оваа година од јануари до сега, секој месец редовно добивам, но ми излегуваат многу мозолчиња на лицето, најчесто на вратот кои не се обични, туку болни и трвди внатрешни топчиња. Имам правено ехо на јајници и немам цисти. Сега за сега не можам сеуште да направам вагинално ехо, затоа што сум многу малку сексуално активна ( месец ипол ) и мислам дека е рано за да одам на гинеколошки преглед.
Сакам да прашам дали мојот проблем со менструалниот циклус ќе се среди и дали тироидната жлезда ќе си ја поврати функцијата да го лачи хормонот кој ми недостига, или ќе ја примам таа терапија цел живот...?


Хипотиреоидизмот често предизвикува нередовна менструација. Со одржување на нивото на тироксин во крвта во нормални граници ќе се нормализираат и циклусите. Терапијата со тиреоидни хормони се зема за цел живот. Но, не очајувај - прогнозите се добри! Инаку не мислам дека е рано за вагинално ЕХО иако не гледам некоја цврста причина во твојот случај тоа да го направиш... Колкаво е нивото на тиреоидни хормони во крвта на последниот преглед?
Next


Врати се на Женско здравје

Кој е онлајн

Корисници на овој форум: Нерегистрирани корисници и 1 гостин