HPV кај мажи

водечки здравствени ризици, урологија и теми кои најчесто ги избегнувате

Мислења: 5
Зачленет: 31 Окт 2013, 19:35
Мислење: 31 Окт 2013, 19:42
Здраво

Би сакал да прашам дали преносливоста на ХПВ кај машките е излечива и како може да се тестира дали некој е сеуште преносител? Девојка ми имаше ХПВ и ЦИН, па имаше конизација, а на ПАП-от после конизацијата нема ниту ХПВ ниту ЦИН. Сега цело време односите ни се со презерватив, а за орален секс не станува ни збор поради тоа што јас сум сега преносителот, па да не се зарази повторно. Има ли излез од ситуацијата?

Поздрав

Мислења: 96
Зачленет: 19 Јан 2012, 00:11
Мислење: 31 Окт 2013, 20:03
Зависи дали е цин1илидва обично ако е цин 1 тоа е најчесто од падна имунитетот и не е заразно

Мислења: 5
Зачленет: 31 Окт 2013, 19:35
Мислење: 31 Окт 2013, 20:05
vela напишал:Зависи дали е цин1илидва обично ако е цин 1 тоа е најчесто од падна имунитетот и не е заразно

беше 2

Мислења: 5
Зачленет: 31 Окт 2013, 19:35
Мислење: 02 Ное 2013, 12:09
доктори???
Кориснички аватар
Мислења: 198
Зачленет: 20 Фев 2013, 18:05
Локација: Тетово
Мислење: 02 Ное 2013, 13:25
Не зависи толку од тоа дали е ЦИН 1 или ЦИН 2 , туку кој серотип е ?
Доколку е нискоризичен само со обична антиХПВ терапија ќе помине , но доколку е високоризичен тогаш е покомплексно.
Се најдобро.
Др.Живорад Коцевски

Мислења: 5
Зачленет: 31 Окт 2013, 19:35
Мислење: 02 Ное 2013, 15:06
Докторот напишал:Не зависи толку од тоа дали е ЦИН 1 или ЦИН 2 , туку кој серотип е ?
Доколку е нискоризичен само со обична антиХПВ терапија ќе помине , но доколку е високоризичен тогаш е покомплексно.
Се најдобро.

Би замолил ако може да ми објасните каква е таа антиХПВ терапија за машко и дали има некој тест да се провери бидејќи од случајот има поминато 6-7 месеци.
Кориснички аватар
Мислења: 198
Зачленет: 20 Фев 2013, 18:05
Локација: Тетово
Мислење: 02 Ное 2013, 16:43
Анти ХПВ терапија - третман се спроведува доколку дојде до развој на инфективна болест- клинички манифестна со позитивен патохистолошки наод за целуларна абнормалност , па зависно од видот на појавата некаде се препорачува употреба на креми додека во други случаи е хирушко отстранување , зависно од развиеноста на лезијата.
Постојат неколку тестови за дијагностицирање кај машко , но не се со голема точност/сензитивност , наједноставно е да се направи серотипизација на типот на ХПВ (серолошки метод) од земен уретрален брис , доколку дојде до ткивна промена може да се увиди со голо око на гениталиите или на ниво на аналната регија , но исто така се користи и тест со оцетен раствор каде што доведува до специфична ексфолијативна промена на лезијата која ќе ја разграничи од околното здраво ткиво , и едно од најсигурните методи е кај веќе развиена промена - патохистолошка анализа на земен биоптичен материјал.
Бидејќи кај вас веќе 6-7 месеци нема никаква промена , можете да направите серотипизација за да се види кој тип на ХПВ вирус го поседувате , и според типот да се утври дали спаѓа во високо или ниско ризичната група на ХПВ типови. Додека за третман , значи едноставно нема лек за ХПВ туку постојат тераписки пристапи насочени кон компликациите кои ги дава.
Додека , доколку е ХПВ од низок ризик за развој на ткивна лезија (прекарциномски лезии / карцином ) , тогаш без никаква терапија само со одржување на имунитетот спонтано доаѓа до "излекување" - односно до губење на вирусот кај лица кои што се носители на истиот , како што сте вие , кој период во просек изнесува ~2 години.
Се најдобро.
Др.Живорад Коцевски

Мислења: 5
Зачленет: 31 Окт 2013, 19:35
Мислење: 02 Ное 2013, 17:07
Докторот напишал:Анти ХПВ терапија - третман се спроведува доколку дојде до развој на инфективна болест- клинички манифестна со позитивен патохистолошки наод за целуларна абнормалност , па зависно од видот на појавата некаде се препорачува употреба на креми додека во други случаи е хирушко отстранување , зависно од развиеноста на лезијата.
Постојат неколку тестови за дијагностицирање кај машко , но не се со голема точност/сензитивност , наједноставно е да се направи серотипизација на типот на ХПВ (серолошки метод) од земен уретрален брис , доколку дојде до ткивна промена може да се увиди со голо око на гениталиите или на ниво на аналната регија , но исто така се користи и тест со оцетен раствор каде што доведува до специфична ексфолијативна промена на лезијата која ќе ја разграничи од околното здраво ткиво , и едно од најсигурните методи е кај веќе развиена промена - патохистолошка анализа на земен биоптичен материјал.
Бидејќи кај вас веќе 6-7 месеци нема никаква промена , можете да направите серотипизација за да се види кој тип на ХПВ вирус го поседувате , и според типот да се утври дали спаѓа во високо или ниско ризичната група на ХПВ типови. Додека за третман , значи едноставно нема лек за ХПВ туку постојат тераписки пристапи насочени кон компликациите кои ги дава.
Додека , доколку е ХПВ од низок ризик за развој на ткивна лезија (прекарциномски лезии / карцином ) , тогаш без никаква терапија само со одржување на имунитетот спонтано доаѓа до "излекување" - односно до губење на вирусот кај лица кои што се носители на истиот , како што сте вие , кој период во просек изнесува ~2 години.
Се најдобро.

Ви благодарам на одговорот. Значи најдобро е да одам кај матичниот и да му го кажам ова за да ме упати на серотипизација? А бидејќи сум и крводарител дали ова влијае на крвта?
Кориснички аватар
Мислења: 198
Зачленет: 20 Фев 2013, 18:05
Локација: Тетово
Мислење: 02 Ное 2013, 20:53
Кај вас вирусот е локализиран во уретралниот епител , не е во контакт со крвта , нема виремија , но без разлика , штом несте во потполна физичка /психичка благосостојба ке ве вратат.
А за матичниот , па да , тоа е и мој совет.
Се најдобро.
Др.Живорад Коцевски

Мислења: 3
Зачленет: 30 Ное 2013, 22:31
Мислење: 01 Дек 2013, 21:10
Здраво на сите!!! Сакам да прашам како изгледа HPV дали е надворешно или внатрешно ?ако може некој повеке да објасни ;)
Благодарам
Next


Врати се на Машко здравје

Кој е онлајн

Корисници на овој форум: Нерегистрирани корисници и 1 гостин

cron