Проблеми со тестисите

водечки здравствени ризици, урологија и теми кои најчесто ги избегнувате
Кориснички аватар
Мислења: 56
Зачленет: 24 Авг 2011, 23:48
Мислење: 30 Окт 2012, 23:43
Почитуван,

Има повеќе причини за болка во тестис. За упатување кон можна дијагноза имаме премалку информации, а воедно -потребен е и клинички преглед од стрна на лекар, по можност специјалист уролог.

Почести причини за болка во тестисот се: Повреда на тестисот , торзија на тестисот, воспаление на епидидимисот(епидидимитис), торзија на тестикуларните апендикси, и поретки: ингивинална хернија, воспаление на тестисот(орхитис), камчиња во бубрег, канцер на тестис, инфекции или краврења во абдомен и др.

Некои од овие причини се УРГЕНТНИ(!!!), потребен е итен третман и може да носат сериозни последици, доколку останат навремено нетретирани.
Со оглед на тоа што болката не поминува, треба што поскоро, без никакво понатамошно одложување да се консултираш со специјалист уролог.

Мислења: 1
Зачленет: 22 Јан 2013, 19:07
Мислење: 22 Јан 2013, 19:11
Често пати по сексуален однос имам болки во тестисите, значи не секогаш, и по односот ме тера да одам да мокрам, и понекогаш имам болки во долниот дел од стомакот и болки некаде кај бубрезите.други симптоми како на пример печење при мокрење,секрети,дисфункционалност,проблеми со ејакулација и потенција немам.онака функционирам според мене нормално.би сакал да ми го кажете и вашето мислење.однапред благодарам. :?:

Мислења: 1
Зачленет: 02 Фев 2013, 19:27
Мислење: 02 Фев 2013, 19:38
Видете, имам 15 години и пред една недела забележав нерамнини ( како топчиња) во долниот дел од левиот тестис. На интернет прочитав дека тоа е причина за рак на тестисите и дека може да се направи самопроверка доколку се напипа задната страна од тестисот. Ја напипав и таму осетив нерамнини. Дали ова е можност за рак? Како се лечи? Дали кога ќе пораснам ќе можаж да имам деца?
( не сум сигурен, но мислам дека тие нерамнини ги имам забележано и пред ова)

Мислења: 4
Зачленет: 03 Фев 2013, 19:40
Мислење: 03 Фев 2013, 19:42
Здраво, денеска приметив левиот тестис како да ми е отечен, кога ќе го споредам со десниот е поголем, и кога го допирам се чувствуваат некои си како топчиња или пак како жлезди незнам што точно, не осеќам многу болки на моменти само ама не е ништо сериозно, незнам за што може да се работи и дали да посетам уролог? Конкретно ме интересира за што може да се работи :?

Мислења: 4
Зачленет: 03 Фев 2013, 19:40
Мислење: 03 Фев 2013, 22:45
Истото го имам и јас, на левиот тестис на долниот дел како топчиња ( жлезди ) незнам точно... :/ И јас би сакал да слушнам одговор

Мислења: 4
Зачленет: 07 Јан 2013, 12:18
Мислење: 04 Фев 2013, 15:19
Здраво,

Најдобро е да разговарате со вашиот општ лекар. Доколку тој-таа може да ве прегледа супер, доколку не тогаш упат кон андролог би била добра опција. Овој специјалист ќе ви каже за што точно станува збор. Може вашето искуство, или недостаток на истото при самопрегледување да протолкува орган во тестисот (епидидимис на пример) како непозната (и лоша) структура. Докторот треба да ве прегледа - прашајте го да ве научи да се само прегледувате! Срамот во овој период кај младите е чест и многумина со потешкотии би заминале на преглед. Тоа чувство е разбирливо но на крајот на денот вашето здравје е најбитно - никој не настрадал од срам. Доколку мислите дека нешто стварно не е во ред и не можите да одите одма на лекар, купете тест за бременост и птестирајте се. Доколку е позитивен, не сте бремени, туку е знак за итна посета на лекар!

Поздрав

Мислења: 1
Зачленет: 07 Фев 2013, 16:45
Мислење: 07 Фев 2013, 16:47
Dali varikocelata mora da se operira?I sto vo slucaj da ne se tretira operativno?Maz mi ima varaikocela seuste ne sme bile na eho pravevme samo spermogram.No me zagrizi konstatcijata na urologot deka varikocela osven sterilitet predizvikuva umiranje na testisot i impotecncija.

Мислења: 2
Зачленет: 25 Апр 2013, 00:32
Мислење: 25 Апр 2013, 00:56
Здраво :))
Прво една пофалба за сајтот и форумот одличен е и многу корисен. Моето прашање е кратко ама ве молам одговорете ми со е можно побрзо...Имам проширени вени на левиот тестис (Варикоцела) доколку направам мал хирушки зафат имат шанси да не сум плоден.. ? Значи вените не ми се познаваат премногу но со допир и со вложен напор се познаваат до сега немам правено муабет со матичен и со уролог чекам ваш одговор...

Поздрав и секое добро,
Христијан
Кориснички аватар
Мислења: 198
Зачленет: 20 Фев 2013, 18:05
Локација: Тетово
Мислење: 25 Апр 2013, 15:39
Hristijan напишал:Здраво :))
Прво една пофалба за сајтот и форумот одличен е и многу корисен. Моето прашање е кратко ама ве молам одговорете ми со е можно побрзо...Имам проширени вени на левиот тестис (Варикоцела) доколку направам мал хирушки зафат имат шанси да не сум плоден.. ? Значи вените не ми се познаваат премногу но со допир и со вложен напор се познаваат до сега немам правено муабет со матичен и со уролог чекам ваш одговор...
Христијан


Здраво Христијан ,
Сигурно веќе си се информирал што е тоа Варикоцела така да ке преминам директно на твоето прашање , операцијата се изведува само за тоа да имаш подобра сперматогенеза затоа што доколку дојде до застој на крвта во вените доведува и до зголемување на температурата во тестисите кое влијае лошо врз сперматогенезата па и доколку не се оперираш или не најдеш некое алтернативно решение во долгорочна стапка ке доведе до неплодност. Операцијата е лесна , некогаш не е ни потребно да се остане во болница , се изведува со локална анестезија , но пред се барај спремен хирург затоа што се зависи од него од неговата спремност.
Покрај тоа , колку години имаш ? Изразеноста на васкуларниот цртеж на тестисите немора да значи дека е најсигурен знак за развиеноста на варикоцелата , тоа подобро може да се процени со спермограм.
Притоа прочитав дека немаш правено моабет со матичен/уролог , тогаш сам си ја постави дијагнозата или се немаш консултирано за хирушкиот зафат ?
Како и да е , главните симптоми за варикоцела се :
Taпа нејасна болка во тестисот
Проширени вени кои може да се видат или палпираат (под прстите се добива впечаток како сварена шпагета)
Непријатност или немир во тестисите
Тестисот е помал на таа страна каде е појавена варикоцелата (поради разликата во циркулацијата)
Чувство на тежина или тракција во тестисите
Се надевам дека советите кои ти ги дадов ке ти бидат од корист.
Се најдобро.
Др.Живорад Коцевски

Мислења: 2
Зачленет: 25 Апр 2013, 00:32
Мислење: 26 Апр 2013, 00:40
Пред се благодарам за брзиот и јасен одговор...
Па сега вака јас имам 18 год..
како што кажавте за имам тaпа нејасна болка во тестисот
Проширени вени кои може да се видат или палпираат (под прстите се добива впечаток како сварена шпагета)
Непријатност или немир во тестисите
Тестисот е помал на таа страна каде е појавена варикоцелата (поради разликата во циркулацијата)
Чувство на тежина или тракција во тестисите...
Toчно немам направено муабет со матичен/уролог и исто така се немам консултирано за хирушкиот зафат... Но доста имам читано за Варикоцела и исто така ја имам и операцијата гледано на youtube и сигурен сум дека требит да напрам хирушкиот зафат ме интересираше само плодноста... тоа на тестисот го забележав пред скоро 2 год.. и се плашам дан е премногу доцна ... уште еднаш благодарам доста ми помогнавте околу проблемов.. Поздрав и секое добро Христијан :)
ПретходноNext


Врати се на Машко здравје

Кој е онлајн

Корисници на овој форум: Нерегистрирани корисници и 1 гостин