Салати - Vegan Raw

"Ние сме тоа што јадеме"

Мислења: 9
Зачленет: 19 Сеп 2011, 18:28
Мислење: 19 Сеп 2011, 19:36
Убаво е да има и ваква тема.Ние веќе се знаеме преку фејсбук со некои членови на тимот,јас редовно споделувам и ја следам вашата страна таму...Насловот е Веган-Raw зошто тоа се салати во кои нема животински производи.Јас веќе година ипол сум 70% Веган-Сировојадец(за полесен изговор го користам англискиот назив Веган Роу)...тоа е диета во која нема животински производи а поголем дел од храната која е зленчук и овошни плодови не се готви.Вегетаријанството е многу богат на рецепти,но таму се пржи,а знаеме дека се што се пржи согорува и воопшто прженото според сите анализи не е многу добро...Кога ќе ги поднаучам добро фунциите на форумот ќе поставам повеќе рецепти од мојот блог тука кои јас ги јадам...Акос е согласувате нормално?

Може и да ја избришате темата ако сметате дека не се вклопува...нема лутиш :D
Прв обид за слика..т.е рецепт:

Слика
Вистинска антиоксидантска бомба!Салатата е вистинско освежување кое воопшто нема да ви го оптовари желудникот а во исто време заситува многу...

Подготовката на оваа салата е брза и лесна.


-Еден морков
-Една глава цвекло
-Една кисела јаболка
-Сок од лимон
-Никулци од сончоглед за украс(богати на коензим Q10 кој е добар за кожата)

Рендате се во еден сад и мешате.Го додавате сокот а по желба може и некое ладно пресовано масло или зејтин.Јас обично и најчесто ставам маслиново.
Слика

Толку е...си сервирате по вкус во какви и да било садови.
Добро е салатата да се јаде како главно јадење,без ништо...така најдобро се усвојуваат сите корисни елементи до неа.Со оглед на тоа дека заситува многу не е потребно да ја користите како прилог кон главни јадења.Исто важно е да уживате во неа,јадете ја бавно и џвакајте добро.Уживајте и пригответе си ја :)
Слика

Еве и линк за повеќе слики http://sebastijanvegan.blogspot.com/2011/09/super-energy.html
Кориснички аватар
Мислења: 56
Зачленет: 24 Авг 2011, 23:48
Мислење: 19 Сеп 2011, 20:52
Звучи вкусно и здраво... 100% би сакал да ја пробам оваа салата

Имам прашање до тебе - како се чувствуваш - пред се физички откога стана Vegan? Дали има промени во тежината, масните наслаги, виталноста и енергијата?

Исто така ме интересира - кои видови зеленчук ги користиш најмногу како извор на протеини?

Патем, идеата за рецепти е одлична, исто како и блогот :-)

Мислења: 9
Зачленет: 19 Сеп 2011, 18:28
Мислење: 19 Сеп 2011, 22:50
Пробај обавезно...
Па промени огромни во тежината немам,вежам фитнес подолго време,може малку поткожни масти симнав и дефинитивно се разубавев :D хаха...шала настрана,делува многу на кожата и подмладува таа диета или начин на исхрана.

По сите правила би требало дневно да се внесе барем 30-40 гр. протеин т.е за мажи на килограм тежина 2 гр.протеин како јас што знам,не ме држете за збор...незнам дали внесувам толку,зошто месо не јадам.А и не бројам.Енергија на претек,супер се осеќам...

Јадам семки,сите видови на јатки во кои има доста белковини,грав еднаш неделно,правам едни колачи од многу житни брашна(ќе ви го кам рецептот)кои обично за доручек ги јадам како кекси со соја млеко,мусли,секакви овошја и зеленчуци а најмногу наши од ова поднебје локлано-зелка,тиква,моркови,цвекло,праз,лук,кромид,секакви зелени салати,блитва обожавам,јадам многу рижот во најразлични комбинации-затоа и реков дека не сум 100% Сировојадец,зошто оризот и некои други работи ги варам....а има и такви,ама многу ретки се.

Ова е една одлична статија која накратко ја преведов на Македонски :D :D :D

Оригиналниот линк http://www.bb-team.org/articles/3276_rastitelni-iztochnitsi-na-protein#axzz0tCDmHbVj


Мој превод....
Растителни извори на протеин
Плусови и минуси наспроти животинските "конкуренти"

Со сигурност протеинот е нај-популарниот додаток за сите активни спортувачи поради разнообразните функции во телото,споредени со тие на јаглехидратите и мастите.Тој се консумира во секаква форма, за да изгради,обнови и ги одржи клетките на мускулните влакна, кожата,коските,крвта и да создаде антитела.

Според аминокиселинскиот состав постојат два типа протеини - завршени и незавршени.Заршените се тие,кои ги содржат сите есенцијални(незаменливи)аминокиселини и обично се од животински производ.Незавршените протеини се од растителен производ и им недостигаат една или повеќе од незаменливите аминокиселини.

Постои варијанта човек да си набави завршен протеин,без да јаде храна от животински производ.Тоа е можно со внимателното комбинирање на растителни протеини.Ограничената содржина на аминокиселини варира кај различните протеини.Тоа означуава дека кога две различни храни се измешаат,аминокиселините од единиот протеин можат да го компензираат отсуството на онеие во другиот. Тоа се вика протеинска надградба.Овој принцип е основа на секоја здрава,вегетаријанска диета.

Освен тоа самиот организам исто е способен да си произведе завршени протеини,доколку му биде доставено разнообразие од растителни производи.Житните растенија например се со ниска содржина на лизин,додека гравот речиси не содржи метионин.Тоа не значи,дека вегетарианците или веганите примаат по-малку основни аминокиселини.

Комбинирањето на растителни протеини како житни со мешункасти растенија води до високо квалитетен протеин,кој е исто толку добар, а в некои случаи дори по-добар во споредба со протеините од животинска храна.Сојата сама по себе има висока содржина на протеин,кој може да биде сметан за рамноправен со месниот.

Вегетариjанското и веганското хранење е добро балансирана диета од житна,мешунки,семиња,јадки и зеленчуци,која содржи смеса од протеини,што се дополнуват меѓусебно.Грав со препечени кришки леб,сирење или сендвич со фастчено масло, мусли со млеко(соја или кравјо)и ориз со грав или млада боранија се добри примери на протеинско полнење.

Порано се сметало,дека протеински внос не е доволен со едно хранење.Сега се знае,дека тоа не е необходно,зашто телото ги зачувува за долго време залихите од основните аминокиселини.Добро балансираниот вегетарианец или веган лесно ќе ги обезбеди сите протеини и основни аминокиселини,необходни за телото.
Извори на растителен протеин

Добри извори за вегетарианците,както и за сите,които сакаат да го обогатат менито и да ги заменат традиционалните меса или млечни продукти,се јадките и семењата,зрнестите растенија,соевите продукти (тофу,соево млеко,соеви шницли...) и гравот.

Различни храни содржат различни протеини,секој од кој со собствен уникатен аминокиселинен состав.Соодносот на важните аминокиселини во храните може да се разликува од тие,потребни на телото,за да создаде протеини.Пропорциите на секоја од основните аминокиселини во храната,која содржи протеин,го опрделува неговиот квалитет.
Протеините со сите основни аминокиселини во составот,кое телото ги бара,се наречени висококвалитетни протеини.Ако протеинот е малку во една или повеке од основните аминокиселини,тој се определува како нискоквалитетен.

Квалитетот на протеинот е обично определен според аминокиселинскиот модел на јајчениот протеин,којшто се смета за идеален.Во оваа смисла не е изненадувачко,што животинските извори на протеини како месото,јајцето,млекото и сирењето имат тенденција да се по-висококвалитетни,отколку растителните.

Во таблицата се опишани нај-популрните извори на растителен протеин,со што содржината на белковини варира во зависност од начинот на подготовка за консумација.

Растителни извори (за 100 гр. продукт) на Белковини (гр.)
Авокадо 2
Ананас 0.54
Праз 2.2
Бадеми 21
Банани 1.09
Грав 21 до 25.3 според сорта
Броколи 2.82
Зелка 3.38
Бел ситен ориз 6.5
Бел крупен ориз 7.13
Бел среднозрнест ориз 6.5
Бело грозје 0.69
Грејпфрут 0.63
Габи 1.8
Габи (конзерва) 3.4
Диви круши 0.73
Динја 0.61
Зелен грав 5.42
Стар грав 1.82
Зелени маслинки 1.03
Зимска зелка 2
Кајсии 1.4
Компир,нелупен 2.02
Карфиол 1.98
Кафеав крупен ориз 7.94
Кафеав ситнозрнест ориз 7.5
Киви 1.14
Копар 1
Краставица 0.65
Кромид лук 0.8
Круши 0.38
Никулци от пченица 7.49
Ленено семе, смелено 1
Лешници 15
Леќа 26
Лимон 1.1
Мали сортни круши 0.5
Макарони 10.8
Манго 0.27
Мандарини 0.81
Мека бела пченица 10.69
Моркови 0.93
Калинка 0.95
Овесени трици 17
Овесени јадки 16.89
Домати 1.16
Ореви 15
Патлиџан модар 1
Портокали 0.94
Праски 0.91
Просо 11.02
Пченични трици 16
Тиква Медена роса 0.054
Репа 0.68
Р“ж 10
Розево грозје 0.77
Репа 0.9
Салата зелена 1.23
Слатка жолта чушка 1
Слатка зелена чушка 0.86
Слатка чрвена чушка 0.99
Слатки компири ситни 1.57
Слива 0.7
Смокви 0.75
Соја 36.9
Спанаќ 2.86
Сусам 18
Тиква 1
Тиквичка 1.2
Фстци 26
Фстчено масло 25
Леб 7.3
Леб (ржен) 6.8
Царевка 9.42
Целина 0.7
Црвен домат 0.88
Црвен компир 2.14
Црвено грозје 0.72
Црвена зелка 1.43
Цвекло 1.2
Јаболки 0.26
Јагоди 0.58

Админ сум на еден форум за фитнес и бб Херкулес,порано пишував доста и истражував на слични теми :P
Кориснички аватар
Мислења: 56
Зачленет: 24 Авг 2011, 23:48
Мислење: 24 Сеп 2011, 18:21
Ми се допаѓа листата со растителните плодови и содржината на белковини... многу корисно за секоја диета.
А салата ја пробав и немам збор , баш е вкусна :)

Мислења: 13
Зачленет: 25 Авг 2011, 20:18
Мислење: 26 Сеп 2011, 08:32
Sebastijan, секоја чест. Поздрав. ;)

Мислења: 1
Зачленет: 30 Сеп 2011, 12:03
Мислење: 30 Сеп 2011, 12:25
super, mi se dopagja delot za zavrseni ili kompletni proteini i nezavrsheni,
koja kazuva pokraj drugoto i deka kolku poveke znaesh za hranata tolku podobro
za tebe :). Inaku Sebastijan, i jas isto se interesiram i citam za ishrana, mozebi ne tolku
aktivno kako tebe, no eve ke ti preporacam edna kniga dokolku ne si ja sretnal do sega,
koja sto jas slucajno ja najdov kako preporaka vo druga kniga, no ne e bitno, knigata
se vika "The PH Miracle - balance your diet... i nesto taka, a angliski sigurno ne ti e problem.
Mislam deka ke sretnish i naucis dosta novi raboti bez razlika sto citash vakva literatura, a
knigata e obemna poveke od 600 strani.

Pozdrav :)

Мислења: 2
Зачленет: 01 Дек 2013, 13:47
Мислење: 01 Дек 2013, 14:03
Секоја чест, Себастијан :)

Немам сомнение дека се чувствуваш здраво и повеќе од одлично :)
Јас експериментирам со овој вид на исхрана од 2006та и навистина фасцинантно како конечно и кај нас во Македонија почнува да се зборува за тоа и се повеќе слушам за сировата исхрана и нејзините корисности за целокупната благосостојба на организмот.

Исто така, да те пофалам за твојот блог, навистина корисен и инспирационен.
Поздрав,
Зорица

Мислења: 2
Зачленет: 01 Дек 2013, 13:47
Мислење: 01 Дек 2013, 14:31
superfood напишал:super, mi se dopagja delot za zavrseni ili kompletni proteini i nezavrsheni,
koja kazuva pokraj drugoto i deka kolku poveke znaesh za hranata tolku podobro
za tebe :). Inaku Sebastijan, i jas isto se interesiram i citam za ishrana, mozebi ne tolku
aktivno kako tebe, no eve ke ti preporacam edna kniga dokolku ne si ja sretnal do sega,
koja sto jas slucajno ja najdov kako preporaka vo druga kniga, no ne e bitno, knigata
se vika "The PH Miracle - balance your diet... i nesto taka, a angliski sigurno ne ti e problem.
Mislam deka ke sretnish i naucis dosta novi raboti bez razlika sto citash vakva literatura, a
knigata e obemna poveke od 600 strani.

Pozdrav :)


Книгата што ја препорачувате е многу добра! Навистина преголем број на информации од кои може да се научи многу... меѓутоа лично имам и доста забелешки. Иако го почитувам многу Доктор Роберт, кој ја напиша оваа книга, и имам посетено негов семинар ( тој доаѓа во Европа понекогаш во холистички центри ширум Европа.. ) .. меѓутоа секогаш ќе ме чуди неговата изјава дека човекот за да опстане и да жевее најздраво му се потрбни: 1. Масти 2. Зелени Прашоци 3. Сол 4. Вода... :D Навистина чудно. И неговото мото: 18 авокадо на ден ??? И дека шеќерот од било кој извор и да доаѓа не е добар за нас ( и од овошјето??? ) Плус тоа и авокадото има шеќер.. тој вели дека не ни требаат јаглехидрати... дека јаглеродните хидрати се само остаток , ВИШОК ! Дека телото не функционира како што треба на ЈГ.. :lol: ... според него СЕКОЈ вид - извор на шеќер е токсичен. И тој неколку пати повтори , СЕКОЈ ВИД и тој од растително потекло.
Сеуште го почитувам многу, ми се допаѓаат некои негови препораки, особено видеото што го направи за Кралот на џусот - Jay Kordich.. чијашто најнова книга Live Foods Live Bodies e многу подобра за секој што сака да излечи многу болести. А исто така станува збор за балансирање на ph-вредноста.. всушност и целта на вклучувањето на сирово овошје и зеленчук во исхраната секојдневно.. е да се доведе телото во алкална состојба.. што е единствена состојба каде РАКОТ и другите болести се тотално немоќни :D

Благодарам 'Superfood', навистина добра препорака, како и да е ,има многу корисни информации во таа книга и ми се допаѓа тоа што е пред се, се споменува природниот начин на исхрана..
Поздрав :)


Врати се на Рецепти

Кој е онлајн

Корисници на овој форум: Нерегистрирани корисници и 1 гостин