Проблем со кожа

опуштете се и наградете се

Мислења: 1
Зачленет: 13 Сеп 2013, 15:49
Мислење: 13 Сеп 2013, 15:59
Епа вака.. бидејќи не ми беше целосно испадната бојата од минатато лето, оваа лето при сончање ми се појавиа нешто како кафеави дамки, значи не акни, мозочиња нешто како белек (ги има на половините и на стомакот малку). Ако не се исчистат следната година пак ќе е исто.
Па ако знаете некој крем,чај или нешто што би помогнало да ми кажете :)

Ви благодарам однапред, поздрав

Мислења: 68
Зачленет: 16 Јан 2012, 00:27
Мислење: 13 Сеп 2013, 23:28
За да му пристапите на важиот проблем правилно и да дојдете до решение мора точно да ги дефинирате симптомите. Доколу навистина постои такво нешто како што споменувате дека бојата не ви паднала од минатото лето, што искрено се сомневам во тоа, може да се работи за релативно сериозна болест. Доколку бојата од претходното лето не падне по Нова година тогаш се поставува сомневање за адисонова болест.Инаку кога бојата не паѓа таа дифузно останува насекаде особено на деловите кои се изложени на сонцето како на промер лицето, подлактиците и шаките, подколениците, грбот и деколтето, стомакот и не е баш регија на која ќе се забележи тоа нешто. Доколку бојата не опаднала од претходната година тогаш најверојатно би требало да се појават и други симптоми како што се заморот, потешкотии со секојдневно функционирање, губење на апетит, повраќање и гадење, проливи и мускулна слабост заедно со потемнување на непцата и на линиите на дланките и околу рачните зголбови.Ова може да биде пратено со вртоглавици и главоболки и со грчеви во мсукулите. Искрено не верувам дека се работи за Адисонова болест заради тоа што не опишувате ни еден од тие симптоми. Но мислам дека не се работи ни за неопаѓање на ланската боја ако што опишувате туку најверојатно појава на кафеникави флеки на стомакот или на другите делови од телото.Ова е само моја претпоставка , за да бидеме сигурни вие ќе треба да дадете пдоетално објаснување и да направите разлика помеѓу појавата на флекие и неопаѓањето на бојата.Доколку сум во право во однос на флеките најверојатно се работи за габична инфекција предизвикана од габичката Malassezia furfur, a заболувањето се означува како Pythriasis veriscolor. за да бидем сигурни најдобро е да испратите слика од промените или да се обратите на дерматолог.Најверојатно ќе биде потребна антимикотична крема како канестенот или некој друг антимикотик.

Мислења: 1
Зачленет: 15 Мар 2014, 02:11
Мислење: 15 Мар 2014, 02:59
Сакав да ме посоветувате во врска со моето лице.Имам многу црнки,брунчиња затоа што кожата ми е мрсна.Имам отидено неколку пати на козметичар ама само одредено време по чистењето ми е почисто лицето а потоа пак исто.Имам пробано со секакви кремови и лосиони,сето тоа ме чинеше многу пари.Но повторно лицето не ми е мазно,имам црвенила од брунчиња а не ги стискам и пори на образите ,редовно го мијам со Dove сапун но пак го чувствувам како да не ми е чисто,имам ставано маска зелена глина,маски од авон го имам чистено со лимон,на пареа,со квасец со магдонос,со се и сешто имам пробано,но ништо не ми е погодено.Имам читано на многу сајтови но само некои скапи третмани перпорачуваат,сакам да ми помогнете со некој совет или нешто што би ми помогнало.Ве молам.Имам 21 година


Врати се на Убавина и нега

Кој е онлајн

Корисници на овој форум: Нерегистрирани корисници и 1 гостин