Трајна депилација

опуштете се и наградете се

Мислења: 1
Зачленет: 04 Фев 2013, 11:44
Мислење: 04 Фев 2013, 11:51
Sakam da doznaam poveke detali za trajnata depilacija, kakov e efektot, dali e stetna, kade vo Makdeonija pravat trajna depilacija i koja e cenata??

Vi blagodaram odnapred

Pozz
Кориснички аватар
Мислења: 50
Зачленет: 02 Јул 2012, 04:36
Локација: Sofia,Bulgaria
Мислење: 03 Мар 2013, 22:30
bambi напишал:Sakam da doznaam poveke detali za trajnata depilacija, kakov e efektot, dali e stetna, kade vo Makdeonija pravat trajna depilacija i koja e cenata??

Vi blagodaram odnapred

Pozz


Pocituvana Bambi :))

Eve poveke informacii za vasheto prashanje !

Трајно отстранување на влакна со ласер
Трајното отстранување на влакната од разни делови од телото не е само тренд туку и потреба на современите жени и мажи. Ласерската технологија постојано се подобрува со цел за поголема ефикасност, зголемена безбедност и конфорност при отстранувањето на влакната. Најблиску до оваа цел постигнува дефинитивно единствено најновиот диоден ласер Soprano XL. Со овој ласер конфорно, безбедно, брзо и најефикасно се отстрануваат влакната. Во моментов овој тип на ласер е единствениот во поширокиот регион.

Како се отстрануваат влакна со помош на ласер?
Ласерскиот сноп е концентриран сноп на светлина, кој насочен кон кожата, селективно се апсорбира од кожниот пигмент меланин, кој се наоѓа во фоликулот на влакното. Апсорбираната светлина се претвора во топлина, која го уништува трајно фоликулот на влакното во анагената фаза (фаза на раст) преку принципот на селективна фототермолиза (комбинација на одредена бранова должина, траење на пулс и испорачана енергија во кожата).

Диодниот Soprano XL ласер е најефикасен од сите ласери за отстранување на влакна од сите регии на телото (лице, надусници, подбрадок, раце, подмишка, нозе, грб, бикини и др.).

Дали е можно потполно уништување на несаканите влакна?

Наполно уништување е можно, но исклучиво ако епилацијата се изведува со диоден ласер. Светлинската енергија на ласерскиот бран се претвора во топлина што го коагулира коренот на влакното и на тој начин трајно го уништува.

Кои регии најдобро реагираат на ласерската епилација?
Кај женската популација тоа се надусниците, брадата, подлактиците, пазувите, стомакот, препоните и нозете.

Епилација кај мажите
Природно е мажите да сакаат да изгледаат уредно. Некои тоа го прават од естетски причини, а некои, како врвните спортисти од практични причини. Најчесто тоа се региите на јаболчниците на лицето, вратот, рамената, грбот и стомакот.

Дали постојат несакани ефекти?
Ако се работи со диодниот ласер Soprano XL на Алма ласери несакани ефекти нема, затоа што ласерската глава има активно ладење и ја штити кожата од можни оштетувања. Кај другите ласери кои немаат систем на ладење постои ризик од изгореници. Третманот со диодните ласери треба да го изведуваат високо професионални и обучени лица, за да не настанат несакани последици на кожата.

Третмани во летните месеци
Диодниот ласер со најновата генерација Soprano XL засега е единствен апарат што поседува т.н. лизгачка техника, односно се работи со сонда во движење, која ја распоредува енергијата на и околу влакното на тој начин што ако се изложиме на сонце веднаш по третманот нема да се случи изгореница, за разлика од сите други ласери. Ова го прави диодниот ласер со лизгачка техника единствениот апарат со кој може безбедно да се прави епилација во лето.

За процедурата
2-3 недели пред третманот влакната да не бидат отстранети од корен (наместо депилација и пинцета да се користи креми за депилација и брич за отстранување на влакната). Се работи со нанесување на ладен гел, а третманот е конфорен и брз поради технологијата на лизгање на сондата.

Постои мислење дека ласерската епилација е многу скапа?

Денес, трајното отстранување на влакна не е скапо и недостапно, како што било некогаш. Секоја современа жена и маж можат да си го дозволат трајното отстранување на несаканите влакна. .

Дали е сигурен?

Ласерскиот зрак делува само на фоликулите кои се во фаза на раст (20%). Затоа третманите треба да се повторуваат додека сите влакна дојдат во фаза на раст. Клиничките студии укажуваат дека се потребни повеќе од 4 третмани во интервал од 1 до 3 месеци за да се постигнат саканите резултати.


Pozdrav i imajte ubava vecher
So pocit ELVIS


Врати се на Убавина и нега

Кој е онлајн

Корисници на овој форум: Нерегистрирани корисници и 1 гостин

cron