Сауна - дали е добра за здравјето?

опуштете се и наградете се

Мислења: 9
Зачленет: 25 Авг 2011, 12:31
Мислење: 27 Авг 2011, 20:38
Здраво,
Неколку пати сум бил во сауна. Ме интересира дали тоа може лошо да влијае на здравјето со оглед на тоа што температурите се многу високи? И колку пати месечно максимално е препорачливо?
Кориснички аватар
Мислења: 29
Зачленет: 25 Авг 2011, 00:07
Мислење: 29 Авг 2011, 21:13
Јас пак сеуште не сум бил . . . Има ли кај нас сауни? баш би сакал да пробам, па да ми препорачаш некоја
Кориснички аватар
Мислења: 19
Зачленет: 27 Авг 2011, 13:54
Мислење: 01 Сеп 2011, 20:30
Главна цел е уживање, опуштање и потење.

Седењето во сауна трае од 10-15мин. во 3 серии, со паузи во време траење онолку колку што седиме во сауната,после секое излегување од сауната здолжително оди туширање.

Температурата најчесто варира од 60 до 120 степени,најчесто користена температура е 85 степени, за сите оние кои првапат влегуваат во сауна препорачлива температура е 60 степени, доколку седите на горната клупа температурата е повисока за 15 степени од долната.

За поудобна клима, камењта ги полеваме со вода од саунска шефла, користете исклучиво ладна вода од чешма, не од базен или топла вода од бољер.

Разликата помеѓу сауната и парната бања е во тоа што во сауната имаме сув воздух добиен со загревање на вулканските камења, а во парната бања се затоплува вода која преку парен генератор ја исполнува просторијата со влажен воздух (пареа).Заедничко е тоа што преку нивно користење ги исфрлате токсините отровите од нашето тело преку потењето.

ТРЕБА ДА ЗНАЕМЕ
Многу значајна работа да знаеме е дека во сауната дишеме на уста а издишуваме на нос, со ваквиот начин на дишење бронхиите се шират и се постигнува најголем ефект од користење на сауната за дишните патишта.

Оној кој посетува сауна не само што го зајакнува имунолошкиот систем туку прави многу повеќе и за сопствената убавина. Здравствените прегледи докажаа дека потењето во сауна позитивно делува на одржување на здравјето на кожата, на тој начин се успорува стареењето на кожата, големата предност е во тоа што темелно се чисти телото кој го овозможува процесот на потењето, со што се отстрануваат изумрените станици на кожата. На тој начин кожата станува посјајна, мека и затегната. После сауна кожата изгледа помлада, здрава и заруменета.

Сауната ја потикнува работата на крвотокот,зглобовите,мускулите и внатрешните органи, ги чисти сите пори ја зајакнува и зацврстува кожата и добра превенција е за грип и различни заболувања. Финската сауна е традиционален облик, потење поради одржување на здравјето, посебен благодет за дишните патишта е кога топлите камења се полеваат со есенции, ментол и еукалиптус помешани со вода. Редовното одење во сауна може многу да допринесе за здравјето, сауната поволно делува на срцето и крвотокот. Наизменичните премини од топло на ладно ја подобрува циркулацијата и крвниот притисок со што срцето многу подобро работи и внесуваме повеќе кислород и хранливи материи.

Од исти причини организмот кога сме болни имаме температура го стимулира потењето за да ги исфрлиме најразличните вируси и бактерии преку потењето , па поради тоа сауната го зајакнува имунолошкиот систем. Топло ладно во текот на користењето на сауната ни користи значително многу во можноста да не се разболиме во зимските денови на премин од топло на студен зимски воздух. Одлична превентивна алатка е во борба против треска,настинки и грипот, потикнуваат добро расположение. Иако сауната гелерално има позитивен ефект врз респираторниот систем меѓу другото се опуштаат бронхиите, луѓето со астма можаат да дишат подобро, во случај кај акутна астма не е препорачлива исто и со ослабени и попуштени вени иако измената на топло ладно ги зајакнува ѕидовите на вените во потешки случаи сауната може да се користи само со дозвола на лекар, како што спомнавме погоре сауната помага да се спречи настинка и грип доколку болеста се има појавено и симптомите се значајно зголемени сауната ќе причека додека подоздравиме. Во принцип сауната има позитивен ефект врз вишокот крвен притисок само мора да се избегне после ладење со топла вода или да се влегува во базен со ладна вода.

Исто така во случај на акутна бубрежна инфекција сауната треба да се избегнува, а во случај кај појава на бубрежни камења сауната многу помага во излачување на отровните материи, сауната е многу ефикасна за проблеми со кожата да се исчистат сите пори ја стимулира цикрулацијата на крвта, од голема помош е во борба против нечиста кожа и акни, но доколку има воспалителни процеси на кожата треба да се избегнува.

Потењето промовира циркулација на крвта чистење на разни нечистотии на масти и бактерии го забрзува и подобрува формирањето на нови клетки од кожата, така кожата е помека и појака, затоа е успешна против борбата со акни исто така е успешна во порба против сува кожа.
Сауната позитивно влиае врз намалување на целулитот, манување од ладно на топло го зајакнува сврзаното ткиво и го потикнува лачењето на вишокот на флуиди и штетни материи од ткивото.

Сауната е успешна алатка за губење на тежината во комбинација со некоја диета каде ќе нема премногу калории, масти, солена или слатка храна, ќе помогне во раздразливост и ќе го намали стресот од пропишаниот режим на исхрана и намалени оброци, покрај тоа после сауна човек се осеќа многу опуштено и нема апетит затоа сауната може да ви помогне во многу пропуштени вечери

извор Диор.мк


ПС Обожавам сауни, но за жал не можам да си дозволам многу често да ги посетувам

Мислења: 2
Зачленет: 30 Авг 2011, 21:51
Мислење: 04 Сеп 2011, 02:37
Сум била во сауна во склоп на Турска бања и интересно искуство беше :D После сауната кожата ми беше мазна и сјајна. Кој е во можност нека го проба и тоа :)
Кориснички аватар
Мислења: 29
Зачленет: 25 Авг 2011, 00:07
Мислење: 28 Сеп 2013, 17:43
Неодамна отидов во сауна за прв пат, во хотел надвор од МК, наизменично во сува и влажна сауна - 5-10min сауна со сув воздух, па 5-10min во сауна со жешка пареа и туширање со млака до ладна вода потоа. Направив 3 вакви циклуси во рок од еден час. Морам да кажам дека искуството ме измори, но чувството беше одлично. Лицето ми изгледаше одморено, мазно и подочниците ми се повлекоа по доооолго време.
Едвај чекам да отидам пак, ако најдам некоја поевтина во Мк :-)
Кориснички аватар
Мислења: 19
Зачленет: 27 Авг 2011, 13:54
Мислење: 22 Окт 2013, 23:54
Сауната го поттикнува потењето. Преку потните жлезди може да се ослободат некои од токсините кои во организмот се наоѓаат во трагови.

Но, користењето сауна е лошо за здравјето ако седите без прекин повеќе од 20 минути внатре.
Се препорачува од 5 до 15 минути, како идеално време.

Разговарајте со вашиот лекар пред да одите во сауна доколку имате проблеми со срцето или со белите дробови, или ако почувствувате некои тегоби откако ќе излезете од сауна.

Мислења: 14
Зачленет: 15 Ное 2013, 12:16
Локација: Skopje
Мислење: 02 Дек 2013, 12:30
Јас сакам да посетам сауна, но не знам каде има некоја добра. Препорачајте ми некоја и по која цена се движи?


Врати се на Убавина и нега

Кој е онлајн

Корисници на овој форум: Нерегистрирани корисници и 1 гостин

cron