Сакам да прашам ?

Општа медицина - сите болести, состојби и актуелни теми поврзани со здравјето

Мислења: 7
Зачленет: 22 Окт 2011, 15:13
Мислење: 22 Окт 2011, 15:32
Ја отворив оваа тема бидејки мислам дека многумина од нас имаат работи кои сакаат да ги прашат во врска со некои симптоми .Па еве од мене првото прашање.Овие денови бев премногу зафатена со обврски и немав слободно време ниту еден час да одморам и спиев неполни 6 часа.И еве веке овие два дена чуствувам болка кај рбетот кај горниот дел .Не е некоја болка кој е многу голема ја чуствувам на допир(да напоменам дека моето одење не се базира на сосема испавеност и малку се лулам кога одам,и сеуште сум во тинејџерските години) Благодарам однапред. ;) дали може некој совет или вежби
Кориснички аватар
Мислења: 127
Зачленет: 28 Авг 2011, 15:40
Мислење: 23 Окт 2011, 17:05
Болката која ја опишуваш сигурно е мускулно-скелетна. Тоа што не си спиела редовно деновиве предизвикало општа замореност на телото па во комбинација со (претпоставувам) недоволната физичка активност допринело да чувствуваш болки горе во 'рбетот.

Било каква физичка активност ќе допринесе да се чувствуваш подобро и поздраво! Од обични вежби за истегнување до џогирање итн... Еве јас ќе ти препорачам пилатес и едно видео кое го има на доктори.мк:

http://doktori.mk/element/view/4dcf14fd ... inzi-video

Доколку болките перзистираат можеби треба да консултираш и специјалист физијатар или ортопед.

Мислења: 1
Зачленет: 07 Дек 2011, 18:23
Мислење: 07 Дек 2011, 18:40
Zdravo, bi sakala da ve prasam?se raboti za pacient koj sto mu pukna slepo crevo.operiran e no eve 5 dena e vo koma?i negoviot pritisok e visok...bi sakala da mi odgorite dali ima nadez za nego?od sto bi ,mozelo da bide vo koma?odnapred vi blagodaram.
Кориснички аватар
Мислења: 127
Зачленет: 28 Авг 2011, 15:40
Мислење: 08 Дек 2011, 00:25
pomos_1 напишал:Zdravo, bi sakala da ve prasam?se raboti za pacient koj sto mu pukna slepo crevo.operiran e no eve 5 dena e vo koma?i negoviot pritisok e visok...bi sakala da mi odgorite dali ima nadez za nego?od sto bi ,mozelo da bide vo koma?odnapred vi blagodaram.

Пукнатото слепо црево доведува до сериозна состојба наречена акутен перитонитис. Сето тоа е предиспозиција за настанување на генерализирана инфекција на организмот - т.н. сепса. При оваа состојба инфектот може да достигне до сите органи во телото, па и до Централниот нервен систем. Комата веројатно е последица на ова....

Надеж има, но состојбата е сериозна...

Мислења: 7
Зачленет: 22 Окт 2011, 15:13
Мислење: 05 Јан 2012, 10:57
Во последно време една моја драга личност има болки во горниот стомачен дел ,местот кај желудникот огромни болки кои трајат околу 15 минути но и претставуваат пекол и пред некој ден првиот пат кога и се појавиле повракала и крв со вода (семтам дека е важно да напоменам дека првиот пат и се случи на новогодишната журка но не беше во фаза на опивање или слично нормално една чашка како за адет) што би можело да биде ?

Мислења: 123
Зачленет: 09 Сеп 2011, 12:59
Мислење: 05 Јан 2012, 11:49
Dankee напишал:Во последно време една моја драга личност има болки во горниот стомачен дел ,местот кај желудникот огромни болки кои трајат околу 15 минути но и претставуваат пекол и пред некој ден првиот пат кога и се појавиле повракала и крв со вода (семтам дека е важно да напоменам дека првиот пат и се случи на новогодишната журка но не беше во фаза на опивање или слично нормално една чашка како за адет) што би можело да биде ?

Прво што ми паѓа на памет е крварење од улкус (чир) на желудник или дуоденум. Тука е потребно да се дадат повеќе податоци: дали претходно се јавувале болки, мачнина, гадење, повраќање, дали болката се јавува после земање на храна или сама по себе, какви се навиките на особата и сл. Како и да е, оваа состојба без дилема бара преглед кај лекар, а тоа би одело во насока на детекција на евентуален улкус (рентген снимања или гастроскопија), детекција на Хеликобактер пилори, но доколку постојат податоци за некакви други симптоми, секако се прават и дополнителни испитувања.
Улкусот се лекува успешно со медикаментозна терапија за време од еден до два месеца и менување на животни навики (посебно исхрана), и евентуално ерадицирање на хеликобактер.
Филип Конески,
Д-р по стоматологија

Мислења: 2
Зачленет: 15 Јан 2012, 17:59
Мислење: 15 Јан 2012, 18:15
здраво.
Имам 21 година и секој ден имам тешкотии со вртоглавица , чуствувам забрзан пулс кај вратот и левата страна на грбот кај плешката , исто така чуствувам трпнење на левата рака дури некогаш се случува да не можам да ја мрдам , друго во пределот кај градите и срцето чуствувам печење а исто така имам проблем ми се случува до толку да ми се слоши што во секој момент имам чуство дека ќе изгубам свест. Правев секакви испитувања , ЕКГ , крвна слика и се ми е супер , дури одлично , ама сепак сум уплашена секој ден дури страв ми е да излезам од дома сама. Кардиолог ми препорача да пијам хелекс, еве ги земам ти антидепресиви но сеуште ми е страв да не е нешто друго посериозно. Пред неколку години направив РГТ и ми најдоја спондилоза, дали тоа има некаква врска со овие симптоми што ги чуствувам сега.
Ви благодарам

Мислења: 155
Зачленет: 06 Сеп 2011, 16:13
Мислење: 15 Јан 2012, 18:26
slatki4ka_pp напишал:здраво.

Скоро сите симптоми што ги набројавте се симптоми кои се јавуваат кај спондилоза, така да штом сите останати испитувања се во ред, тогаш нетреба да се сомневате дека овие симптоми се поради спондилозата, придржувајте се кон дадената терапија и релаксирајте се малку...

Мислења: 123
Зачленет: 09 Сеп 2011, 12:59
Мислење: 15 Јан 2012, 20:22
Роберт Николовски напишал:

А за подобрување на состојбата со спондилозата Ви препорачувам да посетите физиотерапевт кој ќе Ви посочи одредени вежби за зајакнување на вратната мускулатура и ќе ги ублажи симптомите. Се согласувам со Роберт, најверојатно сите симптоми се резултат на спондилозата.
Филип Конески,
Д-р по стоматологија

Мислења: 2
Зачленет: 17 Јан 2012, 11:11
Мислење: 17 Јан 2012, 11:25
Сега прочитав една статија на овој сајт во врска со враснати нокти. Јас го имам овој проблем веќе 5 години.. Имав хируршки зафат при кој ми го отстранија делот каде ноктот ми беше враснат во месото. Од тогаш ноктот повеќе не ми расне туку само се таложи одозгора. Еден период целосно ми отпадна ноктот, а после тоа само се таложи. Би ве замолила за некаков одговор затоа што навистина не знам што да правам.. Срам ми е во лето да облечам отворени обувки, а имам само 17 години.. Помош? :cry:
Next

Врати се на Здравје А-Ш

Кој е онлајн

Корисници на овој форум: Нерегистрирани корисници и 1 гостин

cron