и сестрите се дел од медицинскиот тим

поткатегории: медицина+, стоматологија+, фармација+, форум за специјализанти и постдипломци, континуирана медицинска едукација

Мислења: 1
Зачленет: 31 Авг 2012, 15:10
Мислење: 31 Авг 2012, 15:33
Поцитувани Доктори
Поздрав до сите доктори, посебно до докторите од примарна медицина.
Само да Ве потсетам дека и медицинските сестри се дел од вашиот тим. Голем број од нас се дипломирани, па ме интересира зошто не ни е дозволен пристап на форумот.
Иако денеска сестрите се едуцирани, обучени и стручни, тие сеуште во Македонија се потценети. Работат за минимална плата од 7000 денари , со едно потсетување дека продавачка во колонијал или комунален работник во Паркови и зеленило е подобро платен. Споредбава не ја правам со цел да деградирам некоја професија, само ја потенцирам одговорноста, обраованието и обврската на сестрата. Ако пишувам за обврската, би требало и да се насмеам, од чистење на ординација, стоење пред вратите на ФЗО, па и купување на четврт бурек со јогурт, не набројувајќи ги сварените кафиња во текот на денот.
Ние ги разбираме проблемите на матичните доктори, но се чудам зошто во ниедна дебата или форум не поставија прашање за состојбата на сестрите или да развијат дискусија за однос доктор-сестра.
Поздрав до сите доктори и не заборавете дека денот го поминувате покрај нас и дека и ние сме луѓе, не не потценувајте.
На крај поздрав и до сите колешки, Дигнете ја главата, изборете се за своите права, ве потсетувам дека постои закон против мобинг . Започнете со едно НЕ против купување четврт бурек. :)

Врати се на За категоријата "Доктори + / Доктори плус"

Кој е онлајн

Корисници на овој форум: Нерегистрирани корисници и 1 гостин

cron