тимот на Доктори.мк
Емилија Најдевска
Емилија Најдевска
студент по медицина
 
 

Емилија Најдевска е родена на 27.11.1988 година во Скопје. Средно образование завршува во Д.С.М.У. „Д-р Панче Караѓозов" - Скопје, со одличен успех и се здобива со диплома медицинска сестра-техничар. Поради големата љубов кон медицината во 2007 година се запишува на додипломски студии на Медицинскиот Факултет-Скопје, отсек општа медицина. Учесник е на многубројни конгреси, презентации, проекти и други активности од областа на медицината при што се здобива со бројни сертификати за конгреси и работилници.

Добитник е на награда за освоено прво место за најдобра постер презентација на тема: „Преданалитичка фаза при биохемиски анализи и можни грешки" на 34-от Интернационален Медицински Научен конгрес за студенти и млади лекари, мај 2011 Охрид, Македонија.

Професионално искуство:

  • 2004-2006 Клиника за Дигестивна хирургија и Ургентен Центар Скопје;
  • 13.06.2006-30.08.2006 Ургентен Центар Скопје;
  • 10.11.2006 - 06.06.2007 Поликлиника Ѓорче Петров Скопје - Интерно Одделение;
  • 25.03.2010-01.05.2010 Интерно Одделение Поликлиника Ѓорче Петров Скопје.

Публикации и посета на конгреси:

  • Учество на семинарот „Превенција на зависници и младинско советување", реализиран во рамките на проектот „Подобар избор, 2004 година" Скопје;
  • Активно учество во подготовка и презентација по повод Образовно рандеву Д.С.М.У. „Д-р Панче Караѓозов";
  • Учество на 32-от Интернационален Медицинско-научен конгрес 2009 - Охрид, Македонија;
  • Учество на 33-от Интернационален Интернационален Медицинско-научен конгрес за студенти и млади лекари 2010 - Охрид, Македонија;
  • Учесник во работилница на тема: „How a scientific paper is prepared and published“ - мај 2010 Охрид, Македонија;
  • Автор на научен труд на тема: „Детекција на Хуман Папилома Вирус кај пациенти по примена на цитолошко испитување" - мај 2010, во Охрид, Македонија;
  • Учество на 34-от Интернационален Медицинско-научен конгрес за студенти по медицина и млади лекари - мај 2011, Охрид, Македонија;
  • Учество во работилница на тема: „PATIENT CARE TECHNIQUES“ на 34-от Интернационален Медицинско-научен конгрес, мај 2011 Охрид, Македонија;
  • Автор на научен труд на тема: „Карцином на желудник" на 34-от Интернационален Медицинско-научен конгрес, мај 2011 Охрид, Македонија;
  • Автор на научен труд на тема: „Преданалитичка фаза при биохемиски анализи и можни грешки", на 34-от Интернационален Медицинско-научен конгрес, мај 2011 Охрид, Македонија;
  • Добитник на награда за освоено прво место за најдобра постер презентација на тема „Преданалитичка фаза при биохемиски анализи и можни грешки" на 34-от Интернационален Медицинско-научен конгрес, мај 2011 Охрид, Македонија;
  • Attendance in recognition of valuable contributions to Second Summer School Emergency Medicine 2011, Охрид, Македонија.

 

 

Посебен афинитет покажува кон хирургијата и ургентната медицина и се надева дека една од овие гранки ќе биде нејзината понатамошна определба за едукација во тој смер.


За Доктори.мк
Чест и задоволство ми е да бидам дел од тимот на Доктори.мк. Добивме сајт за едукација, како и запознавање со теми од медицината, стоматологијата и општото здравје, со цел да се превенираат и дознаат симптомите, а се со цел да се сочува сопственото здравје како и здравјето на нашите најмили. Се надевам дека ќе можеме да ја подигнеме здравствената свест и раната превенција. Посебен поздрав до тимот на Доктори.мк и ви посакувам понатамошни успеси.
Листа на статии од авторот: