тимот на Доктори.мк
Елвис Ќаили
Елвис Ќаили
студент по медицина
 
 

Елвис Ќаили е роден на 30.04.1991 во Скопје, Р.Македонија.

Образование:

  • Основното образование го завршува во ОУ Рајко Жинзифов во нас. Топанско Поле - Скопје.
  • Средното образование го завршува во стручното медицинско училиште ДСМУ Д-р Панче Караѓозов - Скопје, насока медицински техничар, во периодот 2004-2009, со одличен успех.
  • Во 2009 година се запишува на додипломски студии по општа медицина на Медицинскиот факултет при Универзитетот Гоце Делчев во Штип.
  • По завршувањето на 3 семестар прави трансфер во Медицинскиот Факултет во Софија, Р.Бугарија, каде што продолжува со студиите по општа медицина.

Практично искуство:

  • Клиника за хируршки болести, инфективни болести, гинекологија и акушерство, интерна клиника и психијатрија при Клинички центар – Скопје;
  • Болница за акушерство и гинекологија - Чаир, одделение: породилна и операциона сала;
  • Еден месец феријална пракса во Универзитетската клиника за токсикологија - Скопје.

Сертификати:

  • Положена државна матура од областа на биологија, хемија и гинекологија со акушерство и нега.
  • Диплома сертификат за медицински техничар (СМУГС Д-р Панче Караѓозов).
  • Сертификат за завршени 8 степени на англиски јазик, во приватното училиште за странски јазици - BRIDGES.

 

Зборува: англиски, бугарски, шпански јазик.

Посебен интерес покажува кон: Општа хирургија, кардиоваскуларна и торакална хирургија.

 

Во слободното време се занимава со пливање, читање книги, планинарење.


За Доктори.мк
Доктори.мк е одлична интернет страница која овозможува повеќе информации, совети и новости за популацијата, во полето на медицината и човековото здравје. Овој сајт, со советите и информациите кои ги содржи, претставува здравствен информатор на популацијата во Р. Македонија. Чест и големо задоволство ми е што сум дел од тимот на овој портал.
Листа на статии од авторот: