Прв Конгрес на студенти по општа медицина при ФМН – УГД

Почитувани колеги, имаме голема чест и задоволство да Ве поканиме на Првиот Конгрес на студенти по општа медицина при ФМН – УГД. Овој настан претставува можност за амбициозни студенти и млади лекари да ја демонстрираат својата работа преку орални и постер презентации од полето на претклинички и клинички предмети, практична работа во работилници и присуство на предавања од реномирани професори. Конгресот ќе биде одлична можност за проширување на теоретските и практични знаења, стекнување на нови колегијални пријателства, а истиот ќе се одржи на  9ти и 10ти мај 2018 година во Мултимедијалниот центар – Штип (Економски Факултет). Инспирирани и полни со ентузијазам, Ве покануваме на соработка. Учеството на конгресот ќе биде слободно за сите студенти на медицина и млади лекари од земјава и околните држави.

Сите заинтересирани студенти може да се пријават на следниот линк: (краен рок за пријава 22.04.2018) https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLScAHRh1MuyNettVjQjiLMQ1lguxe3pEP1uS3AT4ReFV-4mMOg/viewform

Правилници за изработка на апстракт, постер и орална презентација, може да ги погледнете на следниот линк: https://drive.google.com/open?id=1v4KpvXzVjaKJC-SETLZIpSXhWxzX3p3g

За повеќе информации на: skom.ugd@gmail.com

Апстрактите испратете ги на: abstract.skom.ugd@gmail.com

Следете не на социјалните мрежи:@skom.ugd

Со почит, организационен одбор на студенти по општа медицина при УГД – Штип.

www.doktori.mk, 02.04.2018

Последна вест

Најчитани статии - медицина