Терапија со стем клетки

студент по медицина

Стем клетки се клетки кои не се специјализирани да вршат одредена функција во организмот, но можат да се претворат во било која клетка во организмот и да ја вршат нивната функција. На пример мускулните клетки имаат специфична функција да вршат контракција, нервните клетки да пренесуваат “сигнали”, но стем клетките немаат никаква специфична функција, но имаат потенцијал да бидат било која клетка (мускулна, нервна, коскена, крвна...) во нашето тело. Тоа ги прави доста примамливи во науката, како и во медицинската “регенеративна” област.

Со помош на овие стем клетки, докторите можат да се изборат со многу страшни болести (како леукемија кај децата) со повреди за кои е потребна операција (како што се повреди на рамото, коленото) за многу дегенеративни заболувања (каде рскавицата, коската, или лигаментот се оштетени). Можат да помогнат и во лечење на Паркинсоновата болест, Алцхајмерова болест, мозочен удар, тип 1 дијабет, повреда на рбетниот мозок, изгореници. Сите овие болести се доста чести и доста комплицирани и го отежнуваат животот многу. Поради сите овие причини пронаоѓање на механизмот на функционирање и искористување на овие стем клетки е енормен.   Сега откако приближно доловивме за нивната вредност, време е да преминеме на следното прашање. Каде се наоѓаат стем клетки?  Имаме 3 типа на стем клетки и тоа:

1.Ембрионални стем клетки, кои можат да се екстрахираат од ембрионот и се верува дека го имаат најдобриот потенцијал, бидејќи овие се оној тип на клетки кои можат во секоја клетка да се претворат.

2.Адултни стем клетки, кои можат да се најдат во коскената срцевина, мозокот и крвта но имаат лимит во нивниот потенцијал на специјализирање односно “претварање” во друга клетка.

3.Клетки од папочна врвца кои го имаат скоро истиот потенцијал како и кај првиот тип на клетки.

И третото најглавното прашање. Како се одвива третманот, и колку е ценовникот?

                              

За да биде нешто сфатено, најпрвин треба да биде видено. Овој клип објаснува само еден начин на внесување на стем клетки во нашиот организам. Најпросто кажано, првин се прави мала инцизија (мал пресек во големина од 1 цм ) во абдомен и се екстрахира (вади) дел од масно ткиво кој подлежи на повеќе фракции каде што крајниот продукт се стем клетки со одреден потенцијал.

Во одредени области, позитивниот исход е над 95 %, но една терепатија со стем клетки чини од 1000-2000 $.

 

дознајте повеќе за Иван Аргиров

-авторски текст, не смее да се употребува за комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 11.02.2017

Последна вест

Најчитани статии - медицина