1-ви декември – светски ден на борба против СИДА-та!

Секоја година на 1ви декември  се одбележува интернационалниот ден на борба против СИДАта со цел подигнување на свеста и солидарноста на луѓето за заболените од вирусот на ХИВ и СИДА. Според официјални податоци во периодот од 1981 и 2007 година од ХИВ и СИДА умреле повеќе од 25 милиони луѓе ширум светот. И покрај превентивните мерки и напредокот во терапијата глобалниот проблем со вирусот на ХИВ се смета за еден од најактуелните и најзаканувачки за човештвото. Светскиот ден за борба против СИДАта првпат е одбележен на 1ви декември 1988 година. 

Хуманиот вирус на имунодефициенција (ХИВ) го напаѓа имунолошкиот систем на човекот притоа правејќи го неспособен за одбрана и од најбенигни инфекции. Инфекцијата со ХИВ води кон СИДА (Синдром на стекната имунодефициенција). И покрај тоа што вирусот на ХИВ може да се докаже во крвта доколку не е зафатен имунолошкиот систем се смета дека се работи за ХИВ позитивно лице, а не за лице болно од СИДА.

Заштити се од ХИВ! Избегнувај ризично однесување!

Секогаш практикувајте безбеден сексуален однос, посебно со нов и непознат партнер!

Не употребувајте заеднички средства за лична хигиена (бричеви, четка за заби)!

Користете игли за еднократна употреба (тетовирање, интравенска употреба на дрога)!

Безбедно манипулирајте со крв и телесни течности (преврски на рани, повреди)!

 

 

 

 

 

www.doktori.mk, 01.12.2016

Последна вест

Најчитани статии - медицина