14-ти ноември Светски ден на дијабетот - Кои се најчестите симптоми? (фотографии)

доктор на медицина

Денеска е 14-ти ноемврси Светски ден за борба против дијабетот. Раното откривање на дијабетот значи и негов ран третман, кој овозможува да се постави навремена контрола со цел да се спречат компликациите до кои што може да дојде доколку глукозата во крвта е долго време покачена. По овој повот денес ќе обрнеме внимание на најчестите симптоми на дијабетот преку фотографии.

Симптомите кои тука ги прикажуваме се најчести симптоми на дијабет. Некои од нив може да отсуствуваат или да укажуваат на друго заболуање, некогаш дури и нема никакви симптоми, затоа лабораториското испитување на глукозата во крв е најдобар начин да дознаеме дали имаме проблеми со шеќерот.

Овие, но и многу други симптоми можат да бидат причинети од дијабетот, но морам да нагласам дека истите можат да бидат причинети и од други заболувања, кои можат, но и не мора да бидат сериозни. Затоа по повот 14 ноември Светскиот ден за борба против дијабетот апелирам до сите лица кои одамна немаат направено проверка на шеќерот во крв да го сторат тоа, за навремено да го откријат и третираат дијабетот. Лицата кои веќе имаат дијабет редовно да прават контроли и да ги земаат лекарствата бидеќи само на тој начин можат да ги спречат компликациите кои оваа подмолна болест може да ги донесе.

Дознајте повеќе за авторот Д-р Роберт Николовски

 

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

 
www.doktori.mk, 14.11.2016

Последна вест

Најчитани статии - медицина