Стресот на родителите им штети на децата

студент по медицина

Родителите изложени на високо ниво на стрес ги зголемуваат изгледите за појава на низа болести и кај своите деца, сугерира студија на американски научници.

Истражување спроведено на University of Rochesterпокажало дека зачестеноста на различни болести е значително повисока кај децата чии родители имаат симптоми на анксиозност и депресија – објавило стручното списание Brain, Behavoir and Immunity.

Со следење на 169 деца во период од три години исто така е утврдено дека присутноста на стрес кај родителите влијае на активноста на имунолошкиот систем кај децата. Веќе долг период е познато дека личностите изложени на стрес доживуваат промени во имунолошкиот систем кои ги прават подложни на инфекции и на други болести.

 

Дознајте повеќе за авторот -  Елвис Ќаили

 

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 09.11.2016

Последна вест

Најчитани статии - медицина