Хормоните влијаат на ризикот од Алцхајмерова болест

студент по медицина

Хормонската терапија може да го намали ризикот од проблеми со помнењето и од развој на Алцхајмерова болест кај жените, што ја поминале менопаузата, тврдат британските научници.

Истражувачите од Лондонскиот институт за психијатрија утврдиле дека слабеењето на помнењето е поврзано со намалено производство на естроген,што се случува при менопауза и дека овој проблемможе да се реши со хормонска терапија .

Познато е дека жените имаат поголем ризик за Алцхајмерова болест од мажите.Истражувачите веруваат дека естрогенот учестеува во превенција од создавање штетни наслаги од протеини во мозокот кои може да предизвикаат изумирање карактеристичкоза Алцхајмероѕа болест.

Дознајте повеќе за авторот -  Елвис Ќаили

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 31.10.2016

Последна вест

Најчитани статии - медицина