Активности за денот на мозочниот удар (29.10 – сабота)

д-р Маја Божиновска Смическа
специјалист невролог
Специјална болница по ортопедија и трауматологија "Св. Еразмо" - Охрид

По повод светскиот ден на мозочниот удар Здружението на невролози , Здружението мозочен удар и Невролошката секција на медицински сестри и техничари ве покануваат да ги проследите организираните активности.

Почитувани, во прилог ви ги презентираме активностите за Светскиот ден на мозочен удар и на истите ве каниме да присуствувате:

-         Невролошка секција на 28.10.2016 – предавања на тема World Stroke Day – Stroke is treatable – организирано од Универзитетската клиника за неврологија и Здружението на невролози на Р. Македонија

-         На 28.10.2016 во просториите на Кино Маџари, односно пензионерскиот дом да се одржи предавање за Рано препознавање на знаците на мозочен удар, како и Превентивни мерки за заштита од мозоќен удар, како да се заштитиме од мозочен удар

-         На 29.10.2016 на плоштадот во нас. Автокоманда – акција мерење на шеќер во крвта и крвен притисок како ризик фактори за појава на мозочен удар. Иста ваква акција имаме пред Кино Маџари со почеток во 10 часот, а ќе трае до 12 часот.

-         Од 13 до 14 часот во просториите на Општина Гази Баба, односно салата за состаноци, ќе се одржи стручна средба на тема: Тромболиза, протокол за тромболиза (организирано од Невролошка секција на медицински сестри и техничари)

-         Еден ден во текот на неделата од 25-27 октомври ќе се одржат информативни предавања за симптоми и фактори на ризик за мозочен удар во училиштето Панче Арсовски во соработка со Црвен Крст на Општина Гази Баба.

Дисеминирани активности низ цела држава

Освен во главниот град активистите од Здружението ширум Македонија организираа повеќе активности:

- На ден 29.10.2016 од 11 – 13 часот во Охрид на плоштадот Св. Климент Охридски ќе се одржи акција „Одреди го својот ризик“ – мерење на шеќер во крвта, срцев ритам и крвен притисок како ризик фактори за појава на мозочен удар

- На ден 29.10.2016 од 10 – 12 часот во Кичево, во Поликлиника Ера Медика ќе се одржи акција „Одреди го својот ризик“ – мерење на шеќер во крвта, срцев ритам и крвен притисок како ризик фактори за појава на мозочен удар (д-р Васко Даниловски)

- На ден 29.10.2016 од 11 -12 часот во Тетово кај платото пред Дом на култура ќе се одржи акција „Одреди го својот ризик“ – мерење на шеќер во крвта, срцев ритам и крвен притисок како ризик фактори за појава на мозочен удар ( д-р Даниела Војтикив)

- На ден 29.10.2016 во Кочани од 11 – 12 часот ќе се одржи предавање на тема „Мозочен удар – ризик фактори, превенвија, препознавање и третман“, а од 12 – 14 часот во Пензионерскиот дом во Кочани (нов објект) ќе се спроведе акција за проверка на ризик фактори за мозочен удар

Во тек на месец ноември во соработка со Црвен Крст – Охрид е планирана посета на руралните области на југозападна Македонија.

www.doktori.mk, 28.10.2016

Последна вест

Најчитани статии - медицина