Доктори.мк | Wolff-Parkinson-White(WPW) синдром - Што претставува како се препознава и лекува | Wolff-Parkinson-White-sindrom | Портал за медицина и здравје

Wolff-Parkinson-White(WPW) синдром - Што претставува како се препознава и лекува

доктор на медицина

Кај нормално срце електричните импулси од преткоморите до коморите можат да бидат пренесени само преку АВ јазолот. Преексцитација или прерана активација на имулсот имаме кога импулсот од преткоморите го заобиколува нормалното атрио-вентрикуларно задржување и брзо преку алтернативен пат се спроведува до коморите. Аберентните или алтернативните патишта на импулсот го немаат нормалното атрио-вентрикуларно задржување (преку АВ јазолот) па импулсите многу брзо се спроведуваат преку нив предизвикувајќи брзи последователни контракции на коморите. Самите аберентни патишта можат да бидат поставени било каде на патот помеѓу преткоморите и коморите, некогаш можат да бидат поставени дури и во  самиот септум.

Клиничка слика и дијагноза

WPW синдромот може да се јави во сите старосни групи, обично е вроден, а првите симптоми се чуваствуваат на околу 20 години. Според истражувањата WPW синдромот може да е наследен, но не мора да значи, често е придружен со некои други конгенитални аномалии на срцето. Кај лицата со овој сидром се додека не се појават нападите тие немаат никакви симптоми, а со тоа и немаат причина да посетат лекар. Симптомите доаѓаат од самите напади кои се одвиваат на претходно опишаниот начин, а пациентот чувстува интензивни палпитации често проследени со страв паника, понекогаш вртоглавица и несвестица. Симптомите обично за кратко време се повлекуваат сами, особено кога се прави стимулаија на вагусот, но понекогаш иако за среќа ретко оваа состојба може да помине во атријална, па и вентрикуларна фибрилација. Тахикардиите можат да се јават и во мир, но најчесто е провоциран со зголемена физичка активност или психичко оптеретување. Се дијагностицира со помош на ЕКГ, при што имаме брза фрекефенца краток PQ интервал и проширени QRS комплекси со присуство на делта бран. Делта бранот е всушност главниот показател за преексцитацијата, кој понекогаш може и спонтано да се повлече.

Третман

Во моментот на нападот често пациентите и сами дома знаат да направат стимулација на вагусот веднаш штом ќе ги почуваствуваат првите симптоми, односно првите палпитации. Овие маневри обично брзо го стопираат нападот. Доколку на овој начин не се сопре нападот на пациентот се ординираат анти-аритмици амбуланстски. Важно е да се нагласи дека единствен начин за трајно лекување на оваа состојба е правењето на трансвенозна аблација преку катетер.

 повеќе за авторот Д-р Роберт Николовски

 

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

 
www.doktori.mk, 18.10.2016

Последна вест

Најчитани статии - медицина