ДОКТОРИ.МК - Да ја продолжиме успешната приказна заедно

Доктори.мк е проект замислен и создаден само со една цел- да го промовира здравјето и здравиот начин на живот. Сајтот со несебичната подршка на целиот тим се изгради до едно ниво да постане бренд и прирачник на сите луѓе кои се грижат за своето здравје, но воедно и да понуди доволно забавни содржини, да ве опушти и релаксира... 

Ние од уредничкиот тим имаме чест да се пофалиме со Вас, нашите читатели кои со безброј лајкови, споделувања и цитирања на нашите текстови не натеравте да се чувствуваме горди, да почувствуваме дека за Вас правиме  нешто добро, нешто корисно ...

Патем ако се потсетиме на нашите почетоци до денес гордо можеме да кажеме дека нашиот сајт кој на интернет непрекинато се наоѓа скоро 6 години има близу 3 000 текстови со најразлични содржини од областа на медицината, стоматологијата, фармацијата, животниот стил, многу видеа, многу трудови,  кои се плод на не себичноста на нашиот тим кој брои повеќе од 150 соработници, лекари по општа медицина, специјалисти, стоматолози, фармацевти, студенти, нутриционисти, доктори на наука, биолози, логопеди, физотерапевти, лаборанти, радиолошки технолози, студентски организации, креативни соработници и многу други, на кои иако сајтот не им е примарна работа, несебично дале и даваат свој придонес во неговото градење.

 

 

 

Повеќе од 50 рубрики

Групирањето на тесктовите по рубрики без разлика дали се авторски или не има за цел да систематизира одреден број на слични текстови со иста тематика за да биде полесно за разбирање и навигација низ сајтот. Сите рубрики на нашиот сајт се интересни и корисни кои со сигурност го задржуваат вашето внимание.

Интересни факти за доктори.мк

  • Доктори.мк е првиот web портал кој го има пласирано локаторот на доктори и здравствени установи во Република Македонија, кој и ден денеска функционира одлично и може да се користи.

  • Досегашното искуство и анализи на статистиката покажуваат дека сајтот го посетуваат двојно повеќе жени во однос на мажи

  • Животен стил и категоријата љубов и секс сеуште се најпосетувани на нашиот сајт

  • Женско здравје е најпосетуваниот дел од нашиот форум

Нашиот тим никогаш нема да престане да се шири

Портите на нашиот тим на соработници никогаш нема да бидат затворени. Енергијата и амбициозноста на младите заедно со искуството и мудроста на постарите соработници даваат одлична палета на различни текстови кои го привлекуваат внианието на читателите од сите старосни групи. Што ви е потребно за да станете дел од доктори.мк? Ако на било кој начин сте поврзани со медицината, или било која друга професија која игра улога во зачувување на здравјето на луѓето, а притоа сте амбициозни и несебични, креативни ... Испратете ни порака со CV  во инбоксот на нашата фан страница на фејсбук (која брои близу 38 000 фанови во моментот) и за кратко време некој од нашите уредници ќе ве контактира.

Со овој краток тескт првата цел ми беше  да  ги потсетам соработниците дека започнавме една успешна приказна која ни остана како обврска да ја прошириме и продолжиме за да можеме овој сајт да го издигнеме уште повисоко, а втората и главната цел ми беше во името на целиот уреднички тим да Ви се заблагодарам на Вас читателите затоа што секојдневно не посетувате и затоа што иако сајтот имаше кратка пауза во објавувањето на нови статии Вие не се откажавте од нашите содржини и повторни ни ја давате вашата доверба, која ветуваме дека нема да ја изневериме.  Доктори.мк продожува натаму со истата амбиција и енергија како на почетокот и со истата цел, да промовираме подобро здравје!

Со почит,

Д-р Роберт Николовски
 

www.doktori.mk, 17.10.2016

Последна вест

Најчитани статии - медицина