25-ти април - светски ден на ДНК

Елена Талевска
студент по молекуларна биологија

По повод денот на откривње на структурата на ДНК вчера во бибилиотеката на охридската гимназија СОУ „Св. Климент Охридски”, се одржа предавање од страна на дијагностичката лабараторија за молекуларна дијагностика ПЗУ „БИОМЕД ЛАБ” на тема „Молекуларна биологија и структура на ДНК”.

Денот на ДНК е ден кога учениците и студентите, како и јавноста може да дознаат повеќе за молекуларната биологија и генетиката на ДНК од страна на научниците и професорите.

На овој датум се случиле два важни настани во полето на молекуларната биологија, како што се: откривањето на двојната спирала на ДНК во 1953 година, а исто така и завршувањето на Проектот за човечкиот геном во април 2003 година.

Овој датум се одбележува на светско ниво од страна на научната јавност, а предавањето е со цел доближување на оваа наука до младите.

ПЗУ „БИОМЕД ЛАБ” како лабараторија во која се користат најсовремени методи за дијагностика е во чекор со светските трендови за деткција и генотипизација на патогените организми и се залага за навремено откривање и спречување на големиот број болести.

Од ПЗУ “БИОМЕД ЛАБ” најавуваат дека ваквите едукативни активности ќе продолжат и во наредниот период.

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

Елена Талевска

дипломиран молекуларен биолог

ПЗУ БИОМЕД ЛАБ– Охрид

 

www.doktori.mk, 26.04.2016

Последна вест

Најчитани статии - медицина